Archive | Македонија RSS feed for this section

ВМРО-ДПМНЕ од Битола најави обнова на Македонија

ВМРО ДПМНЕ денеска од Битола започна со промоција на својата програма наречена Проект „Обнова“. Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски пред битолчани потенцираше дека Проектот „Обнова на Македонија“ опфаќа мерки и планови кои се изготвуваа повеќе месеци од врвни експерти од земјата и странство и е базирана на директни потреби на граѓаните. -Секој еден човек не […]

______________________________________________________________________________________________________

Двајца судии од апелација позитивни на корона, членовите на ДКСК утре на групно тестирање

Двајца судии од Апелациониот суд се заразени со коронавирус. Позитивни на тестот се судии кои работат во кривичниот оддел. Претседателот на судот, Лидија Димчевска, за Сител вели дека еден од судиите позитивен тест пријавил минатата недела по што била направена анкета за контактите кои ги имал судијата во текот на работата. По ова уште еден […]

______________________________________________________________________________________________________

Демант од Ден Дончев за објавените аудио и видео снимки

Одлучно и во целост го демантирам контекстот на објавените аудио и видео снимки со мене. Ги отфрлам сите инсинуации и манипулации кои се со цел да бидам политички деградиран. Заради објективно информирање на јавноста би сакал да го опишам контекстот на разговорите во снимките. Приметливо е дека снимките се нецелосни и се вадени од контекст […]

______________________________________________________________________________________________________

Д-р Беќаровски: Син му на Амди Бајрам вози Масерати, а јас Дачија

Како што е познато, завчера на булеварот „Партизански одреди“ се случила сообраќајна несреќа во која учествуваше и синот на политичарот Амди Бајрам. Во соопштението од МВР стои: На 21.06.2020 во 22.30 во СВР Скопје, А.И.(20) од Скопје пријавил дека пред сендвичара на бул.Партизански одреди во Скопје, по претходно случена со обраќајна нез года помеѓу „фиат […]

______________________________________________________________________________________________________

Аеродромите и границите се отвораат во петок

Врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести, Владата денеска донесе одлука од петок, 26 јуни, целосно ќе бидат отворани сите гранични премини за непречено движење на патници и возила без приложување на ПЦР тестови, и без упатување до домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин. Ова го соопшти премиерот Оливер Спасовски на […]

______________________________________________________________________________________________________

МВР ќе поднесе кривична пријава против пет лица за орото во Чаир

Секторот за внатрешни работи Скопје до Основното јавно обвинителство во Скопје, ќе поднесе кривична пријава против пет лица – П.Ќ. (50), А.З. (46), Е.Е. (36), Е.Е. (57) и Б.Д. (28) сите од Скопје, поради постоење основано сомнение дека на 24-ти минатиот месец предизвикале опасност од пренесување на вирусот “КОВИД 19“ со што го сториле кривичното […]

______________________________________________________________________________________________________

Филипче: До крај на неделата се отвораат теретаните и казината

Комисијата за заразни болести ќе и предложи на Владата отворање на казината и автомат – клубовите во обложувалниците, да почне со работа јавниот превоз во Тетово и до крај на неделата да се отворат теретаните и фитнес – центрите, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција. Тој посочи дека ова олеснување ќе се […]

______________________________________________________________________________________________________

Владо Мисајловски објави видео од фрлена експлозивна направа во негова продавница

„Од власта велат „можеме”, дека сме на „прав пат”, и дека било „нормално”, но на терен се е поинаку, напиша Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ кој е носител во Изборната единица 2. https://www.facebook.com/misajlovskivlado/posts/2313348715638818 Околу 3 часот наутро во малата продавница на главната улица во Ѓорче Петров која што моето семејство ја работи со децении, фрлена е […]

______________________________________________________________________________________________________

Костадинов за фрлената експлозивна направа врз објект на Мисајловски

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов рече дека СДСМ и лично тој го осудуваат настанот и ги повикуваат надлежните институции до крај да го истражат настанот со фрлената експлозивна направа врз објект на Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО ДПМНЕ и носител на листа и да го најдат сторителот. -Најповикан во овој случај е Наќе Чулев, министерот […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски: За експлозијата во пекарата на Мисајловски одговорна е СДСМ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја обвини СДСМ за експлозијата во семејната пекара на потпретседателот на партијата, Владо Мисајловски. „Овде не се работи за „случаен“ пожар каков му се случи на Мисајловски пред неколку години, туку за јасна намера. Да не заобиколувам или да се трудам да бидам дипломатски коректен, одговорноста за ова е на […]

______________________________________________________________________________________________________

101 нов случај на коронавирус во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 776 тестирања, а регистрирани се 101 нов случај на ковид-19 во: Скопје-57, Куманово-13, Дебар-1, Штип-3, Тетово- 19, Струга-1, Велес-1, Битола-2, Охрид-1, Гостивар-1, Ресен-2. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 22 оздравени пациенти од: Скопје-11, Тетово-10, Велес-1. Починати се 5 лица, еден од Скопје, двајца […]

______________________________________________________________________________________________________

Две деца од четиричлено семејство кое се вратило од Германија позитивни на КОВИД-19

Две деца на возраст од 5 и една и пол година, кои штотуку влегле преку граничниот премин „Табановце“ во Македонија, враќајќи се од Германија, се заразени со коронавирус, пишува sdk.mk. Децата веднаш биле однесени во адаптираната болница за Ковид-пациенти во Козле. Родителите се негативни на вирусот, но и тие најверојатно ќе бидат во двонеделен задолжителен […]

______________________________________________________________________________________________________

Детската болница во Козле станува центар за лекување на Ковид позитивни

Со помош од 7 интернисти и двајца инфектолози како и дополнителни 60 легла, Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле ќе биде Ковид болница и за возрасни. Од понеделник можат да хоспитализираат пациенти со корона вирус од сите возрасти но не и тешко болни бидејќи установата нема интензивна нега. Изминатите два дена педијатрите испратиле […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонците без тест за коронавирус и карантин може да патуваат само во Србија, Албанија и Косово

Македонските државјани моментно без обврска за валиден ПЦР тест за коронавирус и карантин од земјите во соседството можат да патуваат само во Србија, Албанија и Косово. Албанија со одлука на тамошната Влада границата за странски и домашни државјани ја отвори на 1 јуни, при што не се предвидени посебни протоколи, освен вообичаените мерки за носење […]

______________________________________________________________________________________________________

Мајката на Мицкоски позитивна на коронавирусот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски потврди дека мајка му е позитивна на коронавирусот. Тој рече дека немал контакт со неа и дека нема да ги паузира своите активности. – Излезе таква информација, да точно е. Мајка ми е позитивна, веќе неколку дена. Ние се немаме видено, направено е епидемиолошко интервју со неа, луѓето кои што […]

______________________________________________________________________________________________________

Петре Шилегов позитивен на коронавирус

Предмалку градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирус. „Почитувани, би сакал да ве известам дека и покрај сите мерки кои што се превземаа од моја страна за моја лична и заштита на луѓето околу мене, сепак не успеав да се себезаштитам од Ковид 19. Искрено се надевам дека […]

______________________________________________________________________________________________________

185 нови случаи на коронавирус во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1364 тестирања, а регистрирани се 185 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-96, Куманово-2, Дебар-18, Штип-4, Прилеп-1, Тетово-14, Струга-20, Велес-2, Битола-2, Охрид-7, Кавадарци-2, Гостивар-2, Крива Паланка-1, Пробиштип-1, Свети Николе-2, Кичево-3, Ресен-8. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 41 оздравен пациент од: Скопје-29, Куманово-1, Штип-4, Тетово-2, […]

______________________________________________________________________________________________________

Нови „бомби“ за случајот „Рекет“ (ВИДЕО)

На социјалните медиуми повторно осамнаа прислушувани разговори. Главен „актер“ во денеска објавените два аудио материјали, според оној што ги објавил снимките, е адвокатот Васил Димишков. Обвинителството ги поседува и ги пушти во судница на затворено рочиште „бомбите“ за случајот „Рекет“, кои денеска беа објавени на ЈуТјуб, рече обвинителката Вилма Русковска за ТВ24. Инаку, две нови […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1