21/10/2018 18:00
•
Posted by: MK News
Најскапо продадениот стан во земјава во 2016 чинел 425 000 евра. Станот е на површина од 225 квадрати и се наоѓа во општина Центар. Додека пак највисоката регистрирана купопродажба минатата година, е деловен простор кој е продаден за 4.1 милион евра. Надлежните информираат дека во 2016 се регистрирани речиси 17 000 продажби на недвижности со […]
______________________________________________________________________________________________________
21/10/2018 17:38
•
Posted by: MK News
Град Скопје и „Kомунална хигиена“ исплаќаат отштета на граѓани што биле каснати од улични кучиња и кои потоа тужеле на суд и добиле надомест на штета. Во октомври минатата година 300 граѓани побарале да се вакцинираат на Инфективната клиника поради истата причина. Во главниот град честа е појавата на напад на кучиња скитници. Дневно во […]
______________________________________________________________________________________________________
21/10/2018 15:11
•
Posted by: MK News
Владата ќе интервенира со четири амандмани во македонскиот устав, ќе ги подготви, а потоа истите треба да минат на претрес во две комсии во Собранието, додека расправата за нив може да трае до три ден. По утврдувањето нацрт на секој од амандманите, се отвора јавна дискусија, во кој пратениците можат да поднесат амандмани на амандманите. […]
______________________________________________________________________________________________________
21/10/2018 15:06
•
Posted by: MK News
Собранието со 80 гласови „за“ изгласа одлуката да пристапување кон уставни измени, заради имплементација на Договорот од Преспа. Со ова се отвора патот за спроведување на Преспанскиот договор за промена на името, со цел Македонија да продолжи кон членство во ЕУ и НАТО. Ова се седумте земји кои го променија своето име, пред нас: Бангладеш […]
______________________________________________________________________________________________________
09/10/2018 18:14
•
Posted by: MK News
Манса Муса бил африкански крал од 14-от век и ја држи титулата за најбогат човек на светот. Со богатство, прилагодено на инфлацијата, од 400 милијарди, Муса е многу подобар од денешните најбогати луѓе на светот. Манса владеел во почетокот на 14-от век, а своето богатство го стекнал со експлоатација на злато и сол. После неговата смрт, […]
______________________________________________________________________________________________________
02/10/2018 16:09
•
Posted by: MK News
Лозинки од илјадници профили на социјалната мрежа Фејсбук на „Дарк веб“ се продаваат по цена од само 3,90 долари, односно околу 200 денари, а лозинки на мејлови чинат 2,70 долари, откриваат американските медиуми. Ова значи дека многу лесно хакерите можат да дојдат до нечиј онлајн живот, а со тоа да украдат и други чувствителни податоци. […]
______________________________________________________________________________________________________
02/10/2018 15:45
•
Posted by: MK News
Доколку должите за некоја неплатена сметка, доверителите имаат право да побараат блокирање на вашата сметка. Процедурата се состои од следново: прво, доверителите (сами или со помош на адвокат) поднесуваат барање на платен налог; второ, го доставуваат до нотарите со кои соработуваат, а тие врз основа на неподмирените фактури го издаваат тој платен налог; трето, преку […]
______________________________________________________________________________________________________
23/09/2018 14:08
•
Posted by: MK News
Александар Солоник е веројатно најпознатиот руски платен убиец од крајот на минатиот век. Неговите злодела се опишани во 2 играни филма, 9 серии, 3 книги и во многу документарци. Го викале и Александар Македонски, а прекарот го добил поради „пукање на македонски начин“ (израз кој влегол во рускиот јазик уште кон крајот на 19. век, […]
______________________________________________________________________________________________________
20/09/2018 11:53
•
Posted by: MK News
Се отвори прашањето дали новата процедура ќе го олесни или отежни пријавувањето на приходи ?! Сите граѓани кои имале било каков приход изминатата година ќе треба да седнат пред компјутер и електронски да се регистрираат на е-персонален данок. Во прозорчето Регистрирај се да ги внесат своите лични податоци, матичниот и телефонскиот број, како и лозинка. […]
______________________________________________________________________________________________________
08/09/2018 11:30
•
Posted by: MK News
Со тоа што економска криза трае повеќе отколку што многумина можеа да претпостават, а работници се бркаат на секој чекор, еве дел од работните места на кои економската криза нема влијание. Ако сте без работа, а имате енергија и малку пари за преквалификација, одлучете се за овие професии. Мајстор за поправки во домаќинствата Ако ве […]
______________________________________________________________________________________________________
08/09/2018 10:50
•
Posted by: MK News
За да регистрирате ДООЕЛ или ДОО, прво што треба да направите е да одредите назив на трговското друштво што сакате да го регистрирате и да извршите проверка на називот. Дали таков назив веќе постои? Основање на трговско друштво Прв чекор За да регистрирате ДООЕЛ или ДОО, прво што треба да направите е да одредите назив […]
______________________________________________________________________________________________________
07/09/2018 20:19
•
Posted by: MK News
Иако автомафијата не е силна како во 90-те, сепак граѓаните треба да бидат внимателни. Се чини дека обивачот на брави, веќе со години атакува на иста марка – Фолксваген, автомобил за кој и понатаму има голема побарувачка, па едноставно и криминалците на тоа се прилагодуваат и крадат најмногу токму ваков модел на автомобили. Ако во […]
______________________________________________________________________________________________________
07/09/2018 12:01
•
Posted by: MK News
Почеток на школската година, подготвување зимница, подготовки за грејната сезона – стигнува септември познат како еден од потешките месеци во годината за семејниот буџет. Моливи, боички, материјали за на училиште, туршија, ајвар, лутеница, малиџано, кој не купил, набавува дрва за огрев и кога с` тоа ќе се собере на купче, излегува дека без дополнителни илјадарки […]
______________________________________________________________________________________________________
23/08/2018 12:40
•
Posted by: MK News
Следните неколку години би можеле да бидат исклучително топли, покажуваат резултатите од најновото истражување спроведено врз основа на математички модел. Истражувачите развија математички модел кој предвидува колку просечната глобална температура на површинскиот воздух ќе варира во текот на следните неколку години, а резултатите покажуваат дека од 2018 до 2022 година може да доживееме пораст на […]
______________________________________________________________________________________________________
26/07/2018 10:41
•
Posted by: MK News
По страшниот земјотрес во 1963 година, Скопје било одново изградено претежно според големиот план на Кензо Танге, кој бил поддржан од Обединетите нации, а делумно спроведен од наши архитекти. Планот бил само делумно реализиран. Според замислата на Танге, Скопје би требало да изгледа вака: Изградбата на новото Скопје била речиси завршена до 1980 година. Бил […]
______________________________________________________________________________________________________
26/07/2018 10:34
•
Posted by: MK News
Покрај загинувањето на голем број луѓе, во центар на вниманието беа и материјалните штети. Ужасна била и состојбата на музеите и спомениците на културата. Зградата на Музејот е до темел разрушена, поголемиот дел од материјалот е уништен или тешко оштетен, како што се збирката од керамика, икони и фонд од копии на фрески. Турбе Јигит […]
______________________________________________________________________________________________________
27/05/2018 14:32
•
Posted by: MK News
На пазарот е една од најскапите бидејќи таа прави чуда за вашето здравје. Станува збор за печурка која во народот е позната како кујнски дијамант или бел тартуф. Нејзината вредноста на пазарот достигнува од 2.000 до 8.000 евра по килограм. Тешко може да се најде, бидејќи може да се најде во дивина и никако не […]
______________________________________________________________________________________________________
16/05/2018 13:26
•
Posted by: MK News
Секој работник има право на надоместок на трошоците кои се направени поврзани со работата, а се уредени со Закон за работни односи и колективниот договор. Надоместок ви следува за следните трошоци: 1 Дневници за службени патувања во земјата (8% од основицата) 2 Дневници за службени патувања во странство во согланост со уредбата за издатоци за […]
______________________________________________________________________________________________________