23/04/2017 18:50
•
Posted by: MK News
Напад со молотов коктел беше извршен изутрината врз турскиот Конзулат во Солун, јави турската теелвизија „Си-Ен-Ен-Турк“. Нападот бил извршен од страна на маскирани лица, кои фрлале шишиња со запалива течност врз полицијата во Конзулатот. Никој не е повредени. Не е наведено што е мотивот за нападот.
______________________________________________________________________________________________________
23/04/2017 18:44
•
Posted by: MK News
Роналд Џералд Вејн им помогнал на Стив Џобс и Стив Возниак да го основаат Ејпл. Имал 10 проценти удел во компанијата, но ја напуштил по само 12 дена со 800 долари оштета. Зошто не останав во Ејпл? Сите ми велат дека би бил многу богат. Веројатно би бил најбогат човек, но на гробишта, со смешка […]
______________________________________________________________________________________________________
23/04/2017 16:37
•
Posted by: MK News
Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) соопшти денеска дека еден нејзин припадник загинал откако патролното возило, во кое се наоѓал, преминало преку мина во источниот дел на Украина, што е под контрола на проруските сили. Министерот за надворешни работи на Австрија и претседавач на ОБСЕ Себастијан Курц, наведе на неговиот Твитер налог дека […]
______________________________________________________________________________________________________
22/04/2017 20:43
•
Posted by: MK News
Германецот, Јенс Нуман (43) и неговата мајка секоја недела играле лотарија, а неодамна го отвориле весникот и виделе дека тие се добитниците на 60 милиони евра! Меѓутоа, набрзо радоста се претворила во тага. Всушност, Јенс набрзо сфатил дека весникот погрешно ги испечатил бројките. Како и многу други страсни играчи, Јенс и неговата мајка секоја недела […]
______________________________________________________________________________________________________
22/04/2017 19:50
•
Posted by: MK News
Американскиот пожарникар Роберт Сатон фати бебе фрлено од вториот кат на запалена зграда во Џорџија. Сатон изјави дека слушнал повик од вториот кат на зградата и видел новороденче на прозорецот од собата исполнета со чад. – Слушнав како таткото на детето повикува помош. Без размислување му кажав да го пушти бебето. Му ветив дека ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
22/04/2017 15:41
•
Posted by: MK News
Човекот кој себе си се нарекува „најсреќниот пилот на светот“, до сега преживеал 11 авионски несреќи превезувајќи илегални трагачи по злато и проститутки над џунглите во Бразил. Растејќи во Итаитуба, Клингер Борхес до Вале имал две опции – да стане илегален копач на злато или пилот кој ќе ги превезува трагачите на злато низ шумите […]
______________________________________________________________________________________________________
21/04/2017 23:35
•
Posted by: MK News
Ехиогу вчера колабираше на стадионот Вајт Лејн во текот на тренинг, по што итно е префрлен во болница во Лондон, но лекарите не успеаја да му го спасат животот. Некогашниот фудбалер на ВБА, Астон Вила, Мидлсборо, Лидс, Ренџерс и Шефилд, почина во 44. година.Некогашниот англиски репрезентативец Уго Ехиогу починал во болницата каде што бил примен […]
______________________________________________________________________________________________________
21/04/2017 23:24
•
Posted by: MK News
Голема трагедија се случи во Нигерија, а поврзана е со Манчестер Јунајтед, чии 30 навивачи смртно страдаа додека го гледале натпреварот помеѓу Јунајтед и Андерлехт (2:1) во четвртфиналето, во Лига Европа. Несреќните луѓе настрадале во градот Калабар, додека заедно го гледале натпреварот и навивале за својот тим против белгискиот тим. Навивачите се наоѓале под далновод, […]
______________________________________________________________________________________________________
21/04/2017 23:21
•
Posted by: MK News
Рускиот врховен суд, во четвртокот пресуди дека Јеховините сведоци се „екстремистичка“ организација и дека сиот свој имот треба да го предадат на државата. Сергеј Черепанов, претставник на Јеховините сведоци, истакна дека таа религиозна група ќе се пожали на олуката во Европскиот суд за човечки права. Руските власти ставиле неколку од нивните публикаии на листата на […]
______________________________________________________________________________________________________
21/04/2017 23:20
•
Posted by: MK News
Унгарската служба за заштита на населението од катастрофи денеска спаси околу 200 туристи, кои три денови биле блокирани во планински хотел од снежна виулица, што е невообичаена за оваа сезона. Сите гости се надвор од животна опасност, тие го напуштија хотелот со нивните автомобили, откако беа организирани специјални конвои со цел да им помогнат, наведе […]
______________________________________________________________________________________________________
20/04/2017 11:37
•
Posted by: MK News
Интерпол издаде „црвена“ потерница по кинескиот милијардер Гуо Венгу, кој се закани дека ќе ја разоткрие корупцијата во кинеската владејачка Комунистичка партија. Гуо давал интервју за „Гласот на Америка“ на кинески јазик, меѓутоа тоа било прекинато по 80 минути, иако беше планирано да трае три часа. Интервјуто е објавено шест часа откако портпаролот на кинеското […]
______________________________________________________________________________________________________
19/04/2017 16:16
•
Posted by: MK News
Арон Хернандез (27), поранешниот играч на Њу Ингланд Патриотс и ѕвезда на американскиот фудбал, кој беше осуден за убиство, е пронајден обесен утринава во затворот во Масачусетс каде служеше доживотна затворска казна. Си-Ен-Ен пренесува дека ден претходно е ослободен за друг случај за убиство. -Имаше обиди да му се спаси животот, но неговата смрт е […]
______________________________________________________________________________________________________
19/04/2017 12:42
•
Posted by: MK News
Министерството за одбрана на Русија прв пат на својот сајт даде увид како изгледа единствената воена база „Арктичка детелина“.Арктичката база се наоѓа на архипелагот Франц Јозеф на островот Александра. Нејзината воена инфраструктура се состои од објекти за посебни намени, како и командни и контролни центри, гаражи за воени и специјални возила, самостојни уреди, специјализирани складишта […]
______________________________________________________________________________________________________
19/04/2017 12:34
•
Posted by: MK News
Дијана Спенсер имала само 19 години кога го запознала и се вљубила во британскиот принц Чарлс. Двојката се венчала во 1981 година, а медениот месец го поминале крстосувајќи со кралската јахта „Ројал јахт Британија“. На новопечените сопружници тоа требало да им биде најубавиот брачен период, но починатата принцеза го опишала како вистински пекол, така барем […]
______________________________________________________________________________________________________
19/04/2017 12:25
•
Posted by: MK News
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за Си-Ен-Ен изјави дека уставните реформи не значат премин на Турција кон диктатура, демантирајќи ги тврдењата дека тој нов систем е „скроен како за него“. – Тоа не е систем, кој му припаѓа на Тајип Ердоган. Јас сум смртно суштество, можам да умрам во кој било момент, рече турскиот претседател. […]
______________________________________________________________________________________________________
19/04/2017 12:17
•
Posted by: MK News
Рускиот претседател Владимир Путин вечерва му честиташе на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за победата на референдумот. Во телефонскиот разговор со Ердоган рускиот претседател разговарал и за засилените напори за нормализација на врските и го истакнал значењето на заедничката работа на засилување на примирјето во Сирија, пренесоа британските медиуми. Ова го потврди и портпаролот на […]
______________________________________________________________________________________________________
18/04/2017 15:14
•
Posted by: MK News
Австралија планира да ги укине работните визи за странци и да ги замени со привремени, кои обврзуваат подобро познавање на англискиот јазик и високи работни квалификации, најави денеска австралискиот премиер Малколм Турнбул. – Нашите реформи ќе имаат едноставен фокус: австралиската работа и австралиските вредности, напиша Турнбул на својот Фејсбук профил. Тој очекува промените на „визната […]
______________________________________________________________________________________________________
17/04/2017 14:48
•
Posted by: MK News
Мал патнички авион падна врз супермаркет Лидл во Португалија. Kако што пренесуваат светските медиуми, авионот паднал на објект кој е оддалечен околу 20 километри од Лисабон. Според првичните информации, во леталото имало две лица, а авионот експлодирал во воздух по што паднал врз супермаркетот. Според западните медиуми, со авионот летале 4 лица кои загинале откако […]
______________________________________________________________________________________________________