21/11/2015 17:35
•
Posted by: MK News
Затворени за посети се музеи, трговски центри, концертни сали и еден од туристичките симболи споменикот “Атомиум”. Во цела Белгија нивото на терористичка закана останува на трет степен. Властите на белгиската престолнина отворија за жителите вонредна телефонска линија за откривање на можни терористички напади и вонредни ситуации. Нивото на безбедност од терористичка закана во Брисел е највисоко. […]
______________________________________________________________________________________________________
21/11/2015 17:11
•
Posted by: MK News
Корисниците на твитер постираат дека моментално се развива вистинска драма во Лондон каде се забележани наоружани полицајци во близина на метро станицата Соутварк, јужно од реката Темза во Лондон, пренесува Гардијан. Полицијата затвори неколку улици во близина на метро станицата, додека од Скотланд Јард се уште не излегле со соопштение. За потсетување, утрово бројни британски […]
______________________________________________________________________________________________________
21/11/2015 16:58
•
Posted by: MK News
Терористите кои на 13 Ноември ги изведоа нападите во Париз, во кои загинаа 130 лица, за целата акција потрошиле околу 7.000 евра, тврди “Ројтерс”. Терористите за нападот имале трошок за “калашњикови” и муниција, самоубиствените елеци од рачна изработка, изнајмување на хотелска соба и автомобил, така да со релативно мал трошок убија огромен број луѓе, предизвикувајќи […]
______________________________________________________________________________________________________
21/11/2015 16:55
•
Posted by: MK News
Ирачките безбедносни сили успеале да спречар масовен напад на Исламска држава откако пронашле и неутрализирале 18 кукли за деца наполнети со експлозив. Куклите се пронајдени во североисточното предградие на Багдад, а цел на нападите биле шиитите, кои набрзо треба да тргнат на аџалик. Планот на џихадистите бил да ги распоредат куклите долж патот од […]
______________________________________________________________________________________________________
21/11/2015 13:16
•
Posted by: MK News
Изгледа дека ограбувачите на гробници не биле заинтересирани за играта, па успеала да остане скриена во гробницата 1500 години. Станува збор за фигура со броеви, а покрај неа е најдена и искршена плоча која очигледно служела за истата игра. Играта е најдена близу градот Кингжу, во источна Кина. Археолозите успеале да ја реконструираат плочата и […]
______________________________________________________________________________________________________
21/11/2015 12:30
•
Posted by: MK News
Новата алатка на Facebook овозможува никогаш повеќе да не гледате што се случува со вашиот поранешен партнер откако ќе раскинете. Социјалната мрежа најави дека ќе ја тестира оваа нова алатка за мобилните корисници, најпрво во САД, велејќи дека „сакаат да им помогнат на луѓето кои можеби поминуваат низ тешки моменти во животот“. Една од првите […]
______________________________________________________________________________________________________
21/11/2015 12:14
•
Posted by: MK News
Повеќе од стотина жени во САД ја тужеле фармацевтската компанија „Ендо фармацеутикалс“ бидејќи забремениле поради грешка во пакувањето на контрацептивните таблети. Тужбата ја поднеле 117 жени во Филаделфија, а од нив 113 останале бремени, додека 94 на крај и родиле, пишува „Си-ен-би-си“. Во тужбата се наведува дека таблетите се „погрешно и опасно дизајнирани, произведени, продадени […]
______________________________________________________________________________________________________
21/11/2015 11:47
•
Posted by: MK News
Во екот на терористички напади се запознавме со изразот „Алах акбар“. Тој израз џихадистите најчесто го изговараат пред да ги активираат бомбите со кој се разнесуваат себе си и додека пукаат на нивите мети. Текбир е поим кој во арапскиот јазик и исламскиот свет се користи за фразата „Алах акбар“, која обично во превод значи […]
______________________________________________________________________________________________________
21/11/2015 11:31
•
Posted by: MK News
„На 20 ноември воените бродови од Касписката флота лансираа 18 ракети врз седум цели во провинциите Рака, Идлиб и Алепо. Сите цели беа успешно погодени“, рече тој. Исламска држава претрпува огромни загуби како резултат на руската офанзива, рече Шојгу, додавајќи дека податоците на теренот покажува дека протекот на терористите што пристигнуваат во Сирија е намален, […]
______________________________________________________________________________________________________
21/11/2015 10:33
•
Posted by: MK News
Полицијата во Париз објави нова фотографија на Салах Абдеслам,крвникот од Париз, односно како се претпоставува дека би можел да изгледа. Полицијата смета дека има нов идентитет и го променил изгледот 26 годишниот Абдеслам во моментов е најбараниот терорист на светот, откако се потврди дека е организатор на терорист на светот, откако беше потврдено дека е […]
______________________________________________________________________________________________________
21/11/2015 10:14
•
Posted by: MK News
Што пишува овој пророк за настаните во 2016 година – тврдат дека веќе е пробиен неговиот код и еве што го чека светот во наредната 2016 година. Според некои толкувања на Нострадамус, зачекоруваме во 13-годишен циклус кој одлучува за судбината на планетата и човештвото. Овој циклус започна во 2012 година и ќе трае до 2025. Според некои пресметки […]
______________________________________________________________________________________________________
20/11/2015 19:29
•
Posted by: MK News
Пријатели и роднини на првата жена камиказа во Европа – Хасна Аитбулахен – ја опишуваат како слободна девојка која пуши, пие, оди по мажи, пишува “The Daily Telegraph”. Но, сето тоа се превртува во последните месеци, кога таа се радикализира. Хасна Аитбулахен се разнесе пред очите на полицијата за време на рацијата во париското предградие […]
______________________________________________________________________________________________________
20/11/2015 17:42
•
Posted by: MK News
Заврши заложничката драма во хотелот „Радисон блу“ во главниот град на Мали, Бамако. Групата борци кои речиси цел ден држеа околу 170 луѓе се дел од екстремистичката група Ансар ал Дин, јавуваат локалните медиуми. По десетчасовна драма во хотелот Радисон блу во главниот град на Мали, Батако, заврши заложничката криза, во која најмалку тројца вооружени […]
______________________________________________________________________________________________________
20/11/2015 17:01
•
Posted by: MK News
Три лица загинаа, а 170 се чуваат како заложници откако во хотел во Мали влегле тројца воодужени џихадисти, кои според сведоците, пристигнале во хотелот со дипломатски возила. Тројца тешко вооружени џихадисти извршија напад врз хотелот „Радисон“ во центарот на главниот град на Мали, Бамако, при што според досегашните информации има тројца загинати. – Најверојатно тоа […]
______________________________________________________________________________________________________
20/11/2015 15:23
•
Posted by: MK News
Заложничката драма во хотелот Радисон Блу во Мали е во тек и во моментов таму се наоѓаат околу 200 луѓе. Девет од нив веќе се мртви, но како што пишуваат медиумите, бројот на мртвите од минута во минута се зголемува. Она што за сега познато е дека во нападот учествувале десетмина џихадисти кои до хотелот […]
______________________________________________________________________________________________________
20/11/2015 15:17
•
Posted by: MK News
Тројца тешко вооружени џихадисти отворија оган во хотелот Радисон во главниот град на Мали, Бамако, при што според досегашните информации има тројца загинати. Според очевидци напаѓачите во хотелот пристигнале со дипломатски возила. Неидентификувани мажи влегле во хотел со 190 лица во главниот град Бамако околу осум часот наутро и зеле за заложници 170 лица, меѓу […]
______________________________________________________________________________________________________
20/11/2015 12:16
•
Posted by: MK News
Сирискиот претседател Башар ал Асад смета дека рускиот претседател Владимир Путин е единствен заштитник на христијанската цивилизација во кој може да се верува. „Кога ќе ги погледнам на светот од денешен аспект , сфаќам дека Владимир Путин е единствен заштитник на христијанската цивилизација на кој може да се верува“, рече Асад, пренесе Sputniknews. Сирискиот лидер […]
______________________________________________________________________________________________________
20/11/2015 12:05
•
Posted by: MK News
Во светските медиуми се појави информација дека во Москва починала Зинаида Попова во својата 82-ра година, а станува збор за жена која се сметало дека нејзин татко е Адолф Хитлер, пишува Rainews Имено, нејзина мајка е Марија Попова која извесно време била ангажирана како разузнавач во Берлин. Му била многу блиска на Адолф Хитлер. Во тоа време, […]
______________________________________________________________________________________________________