Archive | Свет RSS feed for this section

НАТО на итен состанок поради нападот на Украина

Шефот на НАТО Алијансата ја осуди руската инвазија на Украина која започна ноќва и свика состанокот на сојузниците. Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, најостро го осуди нападот врз Украина. -Повторно и покрај нашите постојани предупредувања и незаморни обиди да се ангажираме во дипломатија, Русија го избра патот на агресијата против суверена и независна земја, […]

______________________________________________________________________________________________________

Рубљата падна на најниско ниво во историјата

Руската централна банка ќе влезе на пазарот за да ја поддржи рубљата, соопшти во четвртокот, бидејќи валутата падна на историски минимум, пренесува Ројтерс. Дописникот од Москва, Пјотр Зауер, пишува дека местата за размена на готовина во руската престолнина престанале да тргуваат со рубљи за долари и евра. На популарното менувачко место на улицата „Тверскаја“, менаџерот […]

______________________________________________________________________________________________________

Мапа на сите руски напади во Украина

Во Украина се бомбардираат главно воени цели за да се уништи одбранбената моќ на земјата и за да се отсече командата на воените сили. Нападот се одвива со сите воени средства – бомбардери, хеликоптери, лансери на ракети, за да се отвори простор за копнена инвазија. Луѓето во Харкoв кој е исто така погоден од гранати, […]

______________________________________________________________________________________________________

Зеленски побара помош од светските сили за одбрана на воздушниот простор на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика светските лидери да обезбедат помош во одбраната со цел да се заштити воздушниот простор на Украина од Русија. Командантот на украинската армија претходно изјави дека добил наредба од Зеленски да возврати на руската инвазија на неговата земја. „Врховниот командант на вооружените сили на Украина даде наредба да се нанесат […]

______________________________________________________________________________________________________

Русија: Цел на нападите не се украинските градови и цивилите

Руското Министерство за одбрана во четвртокот соопшти дека нивните воздушни напади не биле насочени кон цивили и не претставуваат закана за цивилите, пренесе новинската агенција РИА Главниот штаб на украинската армија на Фејсбук објави дека руските воени сили ја гранатираат источна Украина, но ситуацијата е „под контрола“. Штабот додаде дека нема слетувања на руски војници […]

______________________________________________________________________________________________________

Бајден: Путин избра војна која ќе биде со катастрофални загуби

Претседателот на САД Џо Бајден го осуди „неиспровоцираниот и неоправдан напад“ на Украина од страна на руските воени сили. -Претседателот Путин избра да води војна со умисла која ќе донесе катастрофални човечки загуби и многу страдање. Русија е одговорна за смртта и уништувањето што ќе го донесе овој напад и САД и сојузниците и партнерите […]

______________________________________________________________________________________________________

Путин остро предупреди: Не се обидувајте да се мешате

Рускиот претседател Владимир Путин рано утринава во специјално обраќање ги предупреди сите оние кои евентуално би можеле да се мешаат во ситуацијата во Украина. Сега неколку многу важни зборови за оние кои би можеле да бидат во искушение да се мешаат во настаните што се случуваат: Кој и да се обиде да не попречи, згора […]

______________________________________________________________________________________________________

Путин: Само ќе ја демилитаризираме Украина, нема да ја освојуваме цела | ВИДЕО

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија „не планира да ги окупира украинските територии“ откако објави дека е почната специјална операција за одбрана на самопроласените народните републики Доњецк и Луганск од „украинската агресија“. Путин рече дека „само“ сака да го „денацифизира“ и „демилитаризира“ својот сосед. Крајната цел на операцијата е „да се заштитат луѓето што […]

______________________________________________________________________________________________________

Објавени првите снимки од рускиот напад на Украина | ВИДЕО

Објавени се првите снимки од рускиот напад на Украина.Првите видеа се појавија на Твитер а пред малку и Си-ен-ен објави фотографија од голема експлозија во Киев за која медиумот соопшти дека ја добил од кабинетот на претседателот на Украина. Нападот почна околу 4 часот по средноевропско време. Во неколку града низ Украина се слуѓаат сирени […]

______________________________________________________________________________________________________

Киев: Соборивме пет руски авиони и хеликоптер

Украинската војска денеска потврди дека соборила пет руски авиони и хеликоптер на истокот од земјата во близина на енклава под контрола на бунтовниците. „Според командата на Здружените сили, денеска, 24 февруари, во областа на операцијата на Здружените сили, беа соборени пет авиони и еден хеликоптер на агресорите“, соопшти Генералштабот на армијата. Руското Министерство за одбрана […]

______________________________________________________________________________________________________

Украинска амбасада во Македонија: Загинати тројца граничари

Откако рускиот претседател Владимир Путин објави дека почнал „специјална операција“ во Украина, по што настана буквален хаос во земјата, но и во целиот свет, украинската амбасада во Македонија лиферува куси соопштенија, каде објавува за состојбите во Украина.– Граничните единици дејствуваат во согласност со состојбите што се случуваат во областите на одговорност и во соработка со […]

______________________________________________________________________________________________________

Фон дер Лајен: Путин ја враќа Европа во војна

Европската Комисија денеска на лидерите на ЕУ ќе им го презентира новиот пакет санкции против рускиот режим со цел да се ослабне економскиот темел на Русија, пренесе МИА. Ова утрово го изјави претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, која го обвини лично рускиот претседател и Кремљ за ескалацијата во Украина и обидот за […]

______________________________________________________________________________________________________

Путин најави „специјална операција“ во Донбас

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека и наредил на руската војска да спроведе специјална операција во Донбас, откако лидерите на отцепените републики побарале од Москва воена помош против, како што тврдат, зголемување на „украинската агресија“. Воената операција доаѓа неколку дена откако Москва ја призна независноста на отцепените републики Доњецк и Луганск во Донбас, тврдејќи дека […]

______________________________________________________________________________________________________

Украинскиот воздушен простор е затворен за цивилни авиони поради потенцијална опасност

Воздушниот простор низ цела Украина е ограничен за цивилни летови, се вели во известувањето до авијатичарите (НОТАМ) дистрибуирано од владините агенции и аеродромските оператори. Де-факто затворањето на воздушниот простор стапи на сила во четвртокот во 01:56 часот по локално време и ќе трае до 23:59 истиот ден. Во известувањето се наведува „потенцијална опасност за цивилната […]

______________________________________________________________________________________________________

ЕУ воведе прв пакет санкции кон Русија

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска постигнаа политички договор за првиот пакет санкции против Русија, „што ќе биде многу болно за неа“, рече високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел. „Овие санкции ќе бидат многу болни за Русија“, рече Борел по вонредниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ […]

______________________________________________________________________________________________________

Од 1 март промена на правилата за патување во ЕУ од трети земји

Советот на ЕУ денеска усвои ажурирана препорака за привремени ограничувања за патувања кои не се клучни во ЕУ и ќе важат од 1 март.Како што се истакнува, ќе се применуваат ограничувања поради Ковид во согласност со состојбата во третата земја и индивидуалниот статус на лицето кое патува.„Членките на ЕУ треба да дозволат несуштинско патување на […]

______________________________________________________________________________________________________

Путин: Ова е различно од тоа на Косово, тука граѓаните одлучија што сакаат (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека Русија ќе разговара со владите на сепаратистичките територии, додека односите ќе бидат воспоставени по преговорите. „Тоа ќе биде направено во иднина“, рече тој. Тој додаде дека е потпишана уредбата за делување на армијата надвор од границите на Русија, што значи дека ќе им помогне на тие републики и воено. […]

______________________________________________________________________________________________________

Бајден : Русија ќе плати и повисока цена, ако продолжи со агресијата (ВИДЕО)

Русија ќе плати и поскапа цена доколку продолжи со агресијата вклучително и со дополнителни санкции, рече во обраќањето американскиот претседател Џо Бајден. САД во меѓувреме ќе продолжат со обезбедување на одбранбена помош за Украина и ќе продолжиме со зајакнување и осигурување на нашите НАТО сојузници. Денеска во согласност со руското признание дека нема да ги […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1