Archive | Свет RSS feed for this section

Трамп и се закана до цел свет: Кој тргува со Иран, нема да соработува со Америка

Новите американски санкции против Иран се „најрестриктивни санкции што некогаш биле воведени против некого”, напиша денеска на Твитер американскиот претседател Доналд Трамп. „Во ноември тие ќе бидат засилени до нов степен. Секој што прави бизнис со Иран, НЕМА да прави бизнис со САД. Настојувам за МИР ВО СВЕТОТ, ништо помалку”, напиша Трамп на Твитер, притоа […]

______________________________________________________________________________________________________

Евакуиран дел од аеродромот во Франкфурт поради полициска акција

Делови од аеродромот во Франкфурт се евакуирани и запрено е влегувањето во зградите на аеродромот, јави ДПА, повикувајќи се на извор од германската федерална полиција.

______________________________________________________________________________________________________

Маж го тужеше љубовникот на сопругата и доби отштета од 8,8 милиони долари

Судија во Северна Каролина врз основа на архаичен и малку познат закон му наложил на љубовникот да исплати на мажот со чија жена спиел да му плати 8,8 милиони долари отштета. Кит Кинг го тужеше љубовникот на својата сопруга бидејќи му го уништил среќниот брак. Кинг, кој се оженил со Даниел Свордс во 2010 година […]

______________________________________________________________________________________________________

Епл, Фејсбук и Јутјуб укинуваат содржини на теоретичари на завера – прв на удар Алекс Џонс

Неколку големи компании соопштија дека ќе ја отстранат или ќе ја запрат содржината на ултрадесничарскиот медиум „Инфо ворс“, чиј основач е теоретичарот на завери Алекс Џонс. Епл соопшти дека ги отстранил подкастите на „Инфо ворс“ од својата „Ајтјунс“ електронска продавница и апликација за подкастинг. „Авторите и произведувачите на содржини мора да ги почитуваат нашите правила […]

______________________________________________________________________________________________________

71.000 луѓе се хоспитализирани во Јапонија како резултат на топлото време

Поради горештините, кои ја зафатија Јапонија, рекорден број жители биле примени во болница од мај до август, соопшти днеска Министерството на внатрешни работи и комуникации. Според податоците на министерството, во последните три месеци 71.266 луѓе биле хоспитализирани од топлотен удар, што е за 15.000 повеќе од претходниот рекорд, од летото 2013 година. Минатата недела 13 […]

______________________________________________________________________________________________________

Топлотен бран во Европа: Можна нова рекордна температура

Европа се соочува со топлотeн бран, а метеоролозите најавуваат дека во наредните денови, може да „падне“ температурниот рекорд, јави Би-Би-Си. Тековниот европски рекорд е 48 степени Целзиусови, измерени во Атина во јули 1977 година. Прогнозата за јужна Шпанија и Португалија за петок и сабота е 47 степени Целзиусови. Медиумите во Европа објавуваат фотографии од намалени […]

______________________________________________________________________________________________________

Москва протера грчки диплoмати

Руското министерство за надворешни работи денеска соопшти дека го повикало на разговор грчкиот амбасадор во Москва, Андреас Фриганос. Во соопштението на министерството се наведува дека на амбасадорот Фриганос му бил пренесен одговорот на Русија на „непријателските активности што Атина ги изврши во текот на јули“. Грчките власти минатиот месец протераа двајца руски дипломати и на […]

______________________________________________________________________________________________________

Објавена снимка од стравотната експлозија во Болоња (видео)

Италијанската полиција објави снимка од стравичната експлозија во близина на Болоња, во која загинаа две лица. Потсетуваме, два камиони се судрија во понеделникот на автопатот во близина на аеродромот во Болоња, во северна Италија, исфрлајќи во воздух огнена топка и бранови од црн чад. Во несреќата загинале две лица, додека повеќе од 60 се повредени, […]

______________________________________________________________________________________________________

Пеколни температурите во Европа – метеоролозите согласни: “Вакво нешто не сме виделе 50 години”

Топлотниот бран кој ја зафати Европа, најмногу Шпанија и Португалија, ги однесе првите животи. Во Шпанија починале три лица, а врвот на топлотниот бран се очекува во текот на денешниот ден. Температурите денеска би можеле да достигнат и до 49 Целзиусови степени, што значи дека би можел да биде срушен рекордот од 1977 година, кога […]

______________________________________________________________________________________________________

Работа од соништата: Компанијата Фереро бара дегустатори на Нутела, Киндер, Тик Так…

Дегустирањето на чоколадни слатки и добивањето плата за тоа е веројатно работа од соништата за многумина. За поединци, овој сон наскоро би можел и да се оствари. Имено, компанијата Фереро распишала конкурс за работа во кој бара 60 дегустатори. Од кандидатите се очекува да ги дегустираат нивните производи, кои помеѓу останатите вклучуваат и Нутела, Фереро […]

______________________________________________________________________________________________________

73 години од бруталната одмазда на Американците која што однесе 140 илјади животи

Јапонија денес ја одбележува 73-годишнината од американскиот нуклеарен напад на градот Хирошима – првиот таков напад со разорното оружје во историјата на човештвото. Од 6-ти август 1945-та година кога американската армија ја фрли атомската бомба на јапонскиот град со што го забрза процесот на ставање на крај на Втората светска војна, до крајот на таа […]

______________________________________________________________________________________________________

Се ожени синот на Бин Ладен

Синот на поранешниот лидер на Ал каеда Осама бин Ладен, Хамза бин Ладен, се оженил со ќерката на Мохамед Ата, главниот киднапер на авионите за време на терористичкиот напад во САД на 11 септември 2001 година, потврдија од семејството. Хамза бин Ладен е син на една од трите преживеани сопруги на Осама бин ладен, Харија […]

______________________________________________________________________________________________________

Обид за атентат со дрон во Венецуела – во близина на претседателот Мадуро за време на говорот

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро преживеа напад со дронови за време на свој говор. Инцидентот се случи за време на негово обраќање на воен собир во Каракас, кога експлодирале два дрона што носеле експлозив. Притоа, повредени се седум војници. Мадуро изјави дека го преживеал нападот „благодарение на Бога, народот и армијата“ и ја обвини Колумбија […]

______________________________________________________________________________________________________

Се урна авион во Швајцарија, сите патници се загинати

Сите 20 патници од авионот Јункерс Ју-52 кој се урна на југоисток во Швајцарија се загинати, соопшти швајцарската полиција. Загинале 11 мажи и девет жени, претежно жители на Швајцарија. Авионот бил во сопственост на компанијата „Ју Ер“ која нуди туристички патувања во поранешни швајцарски воени авиони. Полицијата смета дека истрагата ќе биде „многу комплицирана“ бидејќи […]

______________________________________________________________________________________________________

Две девојки починале од предозираност со дрога на фестивалот Tomorrowland

Две девојки починале од предозираност со дрога за време на фестивалот Tomorrowland, еден од најголемите фестивали за електронска музика во светот, јавува белгискиот јавен сервис ВРТ, но информацијата не е потврдена ниту од организаторите на фестивалот, ниту од властите. Едната девојка починала за време на првиот викенд, а втората следниот, јавува ВРТ повикувајќи се на […]

______________________________________________________________________________________________________

Авион со 103 патници се урна во Мексико – сите 103 патници се преживеани

Патнички авион со 103 патници и членови на екипажот денеска се урна во Мексико. Несреќата се случила непосредно по полетувањето од аеродромот во гратчето Дуранго. Вистинско чудо е што во уривањето нема ниту еден загинат. Извори од местото на несреќата брифираат дека патниците и екипажот успеале да се извлечат од авионот пред да избувне пожар. […]

______________________________________________________________________________________________________

Загинаа тројца истакнати руски новинари што снимаа филм за руски платеници

Во Централноафриканската Република, неидентификувани напаѓачи убиле тројца европски новинари така што поставиле заседа на нивното возило, објави денеска градоначалникот на Сибут, Хенри Депеле. Нивните колеги велат дека снимале филм за руски платеници во земјата. Локалната полиција вели дека можеби биле жртви на грабеж. Портпаролот на претседателот на Централноафриканската Република, Алберт Јалоке Мокпеме соопштил дека војниците […]

______________________________________________________________________________________________________

Древен саркофаг со шишиња парфем и накит пронајден во Германија

Во римски саркофаг од третиот век, откриен во сегашна западна Германија, покрај скелет на жена, пронајдени се и шишиња со мирисни супстанции, шминка, накит, украсни игли, огледало со сребрена рамка, како и нож со ликот на митскиот херој Херкул, соопшти Музејот за уметност и историја во Бон. Гробницата со маса од 4,5 тони е откриена […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1