Чадот и мирисот од сулфатарата кај Косел бил предизвикан од запалени гуми


Тлото во охридскиот регион и понатаму се тресе. Серијата земјотреси од 18 минатиот месец и најсилниот од 5 степени според рихтер со епицентар во околината на Косел го отвори прашањето дали можеби вулканот е причината за земјотресите после дополнителните паники кои ги изнесоа дел од медиумите дека Сулфатарата постoјано чади и дека се отворени нови дувала.

Сеизмолозите тврдат дека тој нема директна поврзаност ниту може да дојде до негово рутирање туку единствено може да има зголемена концентрација на гас.

Мештаните од Косел велат дека нема нови отворени дувала кај вулканот ниту пак има засилено испуштање на сулфур додавајќи дека повторно биле запалени црни гуми кои предизвикале чад и паника кај населението.

Огромен број на штети пријавиле и од селото Косел станува збор за паднати оџаци, распукани ѕидови и фасади и накровни конструкции.

Надлежните смируваат дека нема место за паника, но и покрај тоа голем број граѓани сериозно загрижени за својата безбедност и страв од посилен земјотрес ноќта ја поминаа на отворено во шатори или во своите автомобили.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1