Тринаесет сексуални робинки ослободени од бугарска банда во Шпанија


Шпанската полиција соопшти дека во близина на шпанскиот туристички центар Марбеља, биле ослободени 13 жени, кои од една бугарска банда биле присилени, како сексуални робинки, да се занимаваат со простититуција.

Жртвите на бандата од Бугарија биле префрлени до шпанскиот јужен брег Коста дел Сол, за да се проституираат во одморалиштето Пуерто Банус.

Во полициското сопштение се вели дека во операцијата биле уапсени 34 членови на бандата. Најголемиот дел од нив биле уапсени во Шпанија, а седумина други во Бугарија.

За бандата се тврди дека успеала да воспостави целосна контрола врз „подземниот бизнис“ со проституцијата во одморалиштето.

Жените биле земани од сиромашните делови на Бугарија, првично измамени дека ќе имаат работа во Шпанија, а потоа присилувани да бидат проститутки.

На сите им се заканувале со насилство кон нив и кон нивните семејства, доколку не прифатат да работат по улиците на Пуерто Банус.

Полицијата открила дека членовите на бандата барала од жените и да крадат од своите клиенти, откако претходно ќе ги дрогирале.

Операцијата против гангстерската мрежа што ја воспоставила оваа банда, заеднички ја спровеле полициите на Шпанија и на Бугарија, во содејство со Европол на ЕУ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1