Чаусидис: Што е толку опасен еден новинар, за да мора итно да се стави зад решетки?


Група од триесетина граѓани и новинари, кои ја слушнаа веста дека новинарот Томислав Кежаровски вечерва беше спроведен во затворот во Шутка, се собраа пред затворот, да му изразат поддршка и да го искажат својот револт.zatvor sutka

Меѓу нив е претседателката на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Тамара Чаусидис.

– Изненадени сме од брзината со која Томислав Кежаровски е спроведен во затвор. Не поминаа ни 12 часа од објавувањето на пресудата, а тој е веќе зад решетки. Сведоци сме како за тоа како за некои личности со правосилни пресуди се чека со месеци, па се прашуваме, што е толку опасен еден новинар, за да мора вака да биде спроведен во затвор – изјави Чаусидис за Плусинфо.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1