Кежаровски по итна постапка спроведен во затвор – ЗНМ шокирано


Новинарот Томислав Кежаровски, кому вчера Апелациониот суд му ја намали казната затвор на две години, вечерва е префрлен во затворот во Шутка. Ова го потврди и неговата сопруга која тоа го објави на нејзиниот Фејсбук профил.

Здружението на новинарите на Македонија е шокирано од спроведувањето во затвор по итна постапка на колегата Кежаровски по одлуката на Апелациониот суд во случајот „Ликвидација“.

kezarovskiSudenje-685x320

Ова е брутален чин на демонстрација на сила откако новинарската заедница во Македонија едногласно ја отфрли казната затвор од две години за Кежаровски како неприфатлива и побара негово ослободување. Ваквото однесување само потврдува дека одлуката е политичка а не судска. Правда во Македонија делат партиите на власт а не судовите!

– Итно го повикуваме министерот за правда Аднан Јашари да покрене иницијатива за ослободување на новинарот Кежаровски, а Претседателот Ѓорге Иванов веднаш да ја прифати.
Уште еднаш ја повикуваме целата демократска јавност да ни се приклучи на закажаниот протест во вторник во 12.00 часот против насилието врз слободата на говорот во Македонија.
Во време кога цела Европа маршира во одбрана на слободата на говорот во Македонија се затвораат новинари.
Сите сме Кежаровски! Бидете и вие Кежаровски! Да маршираме заедно за слободата, велат од ЗНМ.

– Пресудата не беше доставена ниту до мене, ниту до Кежаровски. За да се исполнат условите, тој да биде однесен на издржување на затворската казна, треба да се испочитуваат некои процедури. Тие процедури најмалку траат две до три недели. Од ова сите сме затечени, но во македонските судови не очекувам правдата да ја види светлината на денот. Сепак Судот за човекови права во Стразбур сигурно ќе потврди дека на Кежаровски му се нарушени човековите права – изјави Медарски за “Мета”.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1