Митко Чавков и Диме Спасов остануваат во Министерството а внатрешни работи, односно Министерството за труд и социјала, како заменик министри, потврдуваат партиски извори од ВМРО-ДПМНЕ. Владејачката партија решила да не прави кадровски промени.
Функцијата заменик министер се воведува со измени на Законот на влада, како последица на политичкиот Договорот од Пржино. Заменик министрите ќе имаат право да ставаат вето на одлуките на министрите, кои се од редовите на СДСМ, за прашања поврзани со изборниот процес. Конечна одлука за тоа дали одлуката на министерот се коси со изборната регулатива, ќе има Државната изборна комисија.