Чавков во Куманово: Безбедносните сили не затаија


Новиот министер за внатрешни работи Митко Чавков и амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли во четврток ја посетија кумановската „Дива населба“, каде што на 9 и 10 мај дојде до судир меѓу полицијата и вооружена група од Косово и Македонија.mitko cavkov

Чавков за првпат даде изјава за медиумите откако е назначен за министер, на местото на поранешната министерка, Гордана Јанкулоска. Тој оцени дека Куманово е безбедно и дека инцидентот што се случи во кумановската „Дива населба“ е изолиран настан од поединци и криминални групи кои не наишле на поддршка од локалната заедница.

„Јас ви гарантирам како министер за внатрешни работи дека полицијата многу интензивно, многу проактивно ќе работи на благовремено индентификување на евентуални закани и реагирање на таквите закани“, истакна Чавков.

Според него, македонските безбедносни сили не затаија во случајот со Куманово.

„Безбедносните сили не затаија затоа што откако добивме релевантни информации ние развивме мерки и активности за анализа на тие информации и соодветно постапување по информациите. Развивме соодветни планови за оперативна акција, планови за управување со ризици и ефектот од тоа беше елиминирање на криминално-терористичката структура што беше во Куманово“, рече министерот за внатрешни работи.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1