Пол Серват цели 34 недели бил убеден дека неговата девојка ќе роди пет бебиња. А тој не бил единствениот кој верувал во тоа. Нивниот цел град мислел дека жената е бремена, а многумина донираа пари и работи за бебињата. Но кога заминале во болница, тие дознале дека нема бебиња. Всушност, никогаш и немало.
Лекарите му објасниле на Серват дека неговата девојка имала “фантомскa бременост”. Тоа е психијатриско нарушување, што резултира кога една жена толку силно верува дека е бремена, нејзиното тело и почнува така да се однесува. Затоа нејзиниот стомак отекол како да е бремена, имала дури и мачнини, па дури и започнала да лачи млеко.
– Бевме толку среќни. Дури и моите родители со нетрпение ги очекуваа внуците. Го изгубив цел живот, вели овој несреќен човек.
Иако фантомските бремености се ретки, тие обично се јавуваат кај жени во доцните триесетти години и почетокот на четириесеттите години, кои силно сакаат дете и се обидуваат да забременат со години.
Девојката сега се наоѓа на психијатриско лекување, бидејќи тоа е единствениот начин на кој жените со овие симптоми може да се вратат во нормален живот.