Чекор до пронаоѓање на гробницата на Александар Македонски


Археолози од три земји упорно работат на пронаоѓање на гробницата на најголемиот војсководец, двигател на светот, Александар Македонски. Се чини дека секој се вклучил со цел да ја разреши најголемата археолошка мистерија во светот, но притоа да го прикаже Александар како свој.

aleksandar makedonskiГрчките историчари своите книги во голема мера ги испишале врз основа на лажни факти, без оригинални записи. Постојат и случаи каде едни со други  не се признаваат, и се обвинуваат за пишување на лаги. Тие отсекогаш биле и против истражувања на одземениот дел од Македонија. Но секогаш има некој кој сака да ја открие вистината.

Па така и британскиот картограф и истражувач на британската разузнавачка служба, Луис Камингс во 1940 година зел учество во проект за античката историја. Притоа  напишал и книга за Александар Македонски. Во првото поглавје од книгата тој пишува за потребата да се направат арехолошки ископувања кај Воден.

Сето тоа го навел со причина што при истражувањата увидел дека постои голема празнина во текстовите за античкиот период и посакувал еден ден археолозите да ги пронајдат старите кралски гробници околу Воден, Егејска Македонија.

Тој веgrobnicata-na-aleksandar-06рувал дека ископувањата би биле вистински извор на вредни информации и надополнување на тие пропусти. Неговите претпоставки станаа стварност. Кога во 1977 година беа направени првите ископувања кај Кутлеш, ја открија и ѕвездата од Кутлеш на надгробната плоча на Филип Втори Македонски.

А археолозите продолжуваат со ископувања. Не само британските, грчките, македонските, сега излегуваат и Египјаните. во медиумите осамнаа насловите: „Археолозите во Египет можно е да ја открија гробницата на Александар Македонски“, „Грчки археолози: Не сме сигурни дали го пронајдовме гробот на Александар Велики“ и третата вест: „Гробот на Александар е во Македонија, што најдовме во Овче Поле“!?

За веста од грчка страна дури и Министерството за култура на Грција предупредува на шпекулациите околу ново открената гробница во која според нив, “можно е да е на некој крал “, т.е на Александар Велики.Greece Ancient Tomb

Најновата вест од Египет под наслов Egypt: Archaeologist Could Have Discovered the Tomb of Alexander the Greatбрзо го привлече вниманието и се пренесе на многу медиуми. Истражувањето го започнааво местото наречено Ком ел Дика во срцето на Александрија.

The golden larnax of Philip II of Macedon, the father of Alexander the Great, is on display at the Thessaloniki Archaeological Museum in Thessaloniki, Greece.Група на историчари и археолози почнаа да истражуваат на криптата од древна христијанска црква при што откриле надгробен споменик од мермер и злато за кој велат дека би можел да биде исчезнатата гробница на Александар Македонски. Таму често биле вршени ископувања, а исто така познато е дека гробницата ја посетувале Јулиј Цезар и Гај Октавиј кои ставиле цвеќе на гробот и златна дијадема на мумифицираната глава на Александар.

Последен пат била посетена од римскиот император Каракела во 215 п.н.е. Големиот споменик во 3-4 век бил сокриен со цел да се заштити од напади поради мешаните култури и религии. Затоа и самиот споменик сведочи за мултикултурниот карактер на империјата на Александар. Египетскиот врховен совет досега има признато повеќе од 140 неуспешни обиди да се пронајде гробницата на Александар.

Многу чудни теории биле поставени од историчарите но ниту една не вродила со плод. Некои дури размислувале дека телото на Александар е украдено од Венецијански трговици и однесено во базиликата Св. Марк Евангелист, Италија. Според друга теорија, во 321 п.н.е, на својот пат назад во Македонија, погребната кочија со телото на Александар Македонски била киднапирана од страна на неговиот генерал Птоломеј од Сирија и пренасочено во Египет. Од четвртиот век од н.е, локацијата веќе не е позната.

alexander-460x307Под оваа статија објавена на http://worldnewsdailyreport.com/egypt-archaeologist-could-have-discovered-the-tomb-of-alexander-the-great постојат коментари на читатели од разни националности и секој брани своја теорија. Истражувањето ги натера Египјаните да излезат со коментар дека Александар е крал на Египет („Alexander is not Macedonian now… Nor greek… He was crowned king of Egypt, and if this turns out to be true, he is buried in Egypt… So we claim Alexander an Egyptian“).

Според археолозите од Полскиот центар ова најново истражување содржи многу детали за Александар Македонски и би претставувало едно од најголемите истражувања во светот.

Решителност во истражувањето и докажувањето за прераната смрт, покажа и Англискиот биограф, Пол Доерти кој вели: „Александар беше божествен лик, и ќе дојдеме до неговото тело преку ДНК тестови и со тоа ќе изнајдеме зошто толку брзо умре. Останките на неговиот татко се пронајдени во Грчка Македонија во 1970 година, па спрема тоа не постои пречка да не го најдеме и Александар“.

macedonian-geoglyphМногу прикриени вистини се уште треба да излезат на виделина па така и за гробот на Александар Македонски.

И покрај изнесените странски теории за тоа каде е неговиот гроб, најреално е да кажеме и веруваме дека тој се наоѓа на македонска територија. Токму на тоа работи Професорот Аристотел Тентов со истражувачкиот тим составен од врвни светски  научници. Тие со софистицирана опрема, без копање истражуваат на геоглифот во Овче Поле кај селото Црнилиште. Со надеж дека конечно ќе се потврди веста дека гробницата на македонскиот цар е во Македонија каде и што му е местото.

Гордана Димовска за Македонска нација 

Целиот текст на  – mn.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1