Четири актери во трка за улогата на Владимир Путин


Четири актери се во трка за улогата на рускиот претседател Владимир Путин (63) во новиот филмски проект „Путин“, режисерот ќе биде двоен Оскаровец, а снимањето е планирано за оваа пролет, изјавил еден од менаџерите на компанијата „Најт бриџ ентертеинмент“, Валериј Сарјан.putin3333

– Не сме дале никаква информација за тоа дека Леонардо Дикаприо е согласен да го игра Владимир Путин. Во јавноста се крена врева поради неговите изјави во германските медиуми. Може да се каже дека за оваа улога во трка за улогата на Путин се четири првокласни актери, додека филмот ќе го снима режисер кој има два Оскари – изјавил тој.

Сарјан исто така признал дека сценариото на филмот не е работено во соработка со Путин, иако некои медиуми пишувале за тоа дека Путин учествувал во тој процес.

– Станува збор за филм кој не бара било каква согласност на рускиот претседател. Ние со Путин за тоа не разговаравме, иако сите прашања врзани за сценариото се доверени на адвокатите на нашата компанија – изјавил тој.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1