Четири лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи утрово во 7 часот на раскрсницата на булеварите „Србија“ и „Борис Трајковски“ во Скопје, информираа од МВР.
Повредените се пренесени во градската болница „Св.Наум Охридски“.
Во сообраќајката учествувале патничко моторно возило „лада“ со кумановски регистраски таблици и товарно моторно возило – цистерна „МАН“ со скопски регистарски таблици.