Четворица битолчани починаа од грип – ЕДНИОТ ИМАЛ 29 ГОДИНИ


Четворица битолчани починаа од грип на инфективното одделение во клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“, објави Канал 5.

lekar spricТројца биле повозрасни пациенти, кои имале и други заболувања, а четвртиот бил на возраст од 29 години и починал на скопските клиники, каде што бил испратен поради настанати компликации, па поради тоа од битолската болница не можеа да кажат од што точно починал.

Во изминативе петнаесетина дена на заразното одделение, како што пишува „Утрински весник“ со клиничка слика на грип биле регистрирани околу 600 лица .

Од центарот за јавно здравје Скопје информираат дека во главниот град бројот на заболени од грип се зголемил за 50 отсто во однос на претходната седмица.

Грипот особено ги погодува хронично болните лица и затоа лекарите и епидемиолозите препорачуваат имунизација и избегнување контакти со болни.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1