Четворица специјалци тешко повредени, се преврте џип на ЕБР кај Радовиш


Вчера околу 15,10 часот, на магистралниот пат Штип-Радовиш, пред с.Чифлик, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Ландровер“, сопственост на МВР- ЕБР, управувано од 37 годишен полициски службеник, излетало од коловозот и се превртело.

По незгодата, возачот и тројца сопатници се пренесени во Медицински центар Штип, каде на едно лице му се констатирани тешки телесни повреди и е препратен на понатамошно лекување во Клинички Центар Скопје, кај возачот и едниот сопатник констатирани им се телесни повреди и се задржани на понатамошно лекување додека третиот сопатник по укажаната медицинска помош е пуштен на домашно лекување.

Увид на лице место извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР- Штип.

За настанот известен е Сектор за внатрешна контрола и професионални стандарди.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1