Работници денеска ја чистат Триумфалната порта во центарот на Скопје, откако анти-владините демонстранти синоќа ја гаѓаа со боја, а испишаа и графит „Грабеж“.
Протестот е во организација на движењето Протестирам. Тие се противат на политичките помилувања од претседателот Ѓорге Иванов и бараат негова оставка, одложување на изборите закажани за 5 јуни и почнување на процес за избор на експертска влада која ќе го подготви теренот за фер избори.