Чистењето снег смртоносно


Најмалку три лица починале чистејќи го снегот по обилните снежни врнежи кои деновиве ја погодија американската сојузна држава Њујорк

Годишно стотици луѓе во САД умираат чистејќи снег, а во Канада таквите вести секоја зима ги полнат страниците во весниците.

– Верувам дека при чистење снег годишно губиме стотици луѓе, изјави за Би-Би-Си кардиологот Вари Франклин, директор на Одделот за превентивната кардиологија и кардио-рехабилитација при болницата „Вилијам Бомонт“ во Мичиген.

cistenje sneg

Податоците покажуваат дека кај младите луѓе пулсот и крвниот притисок при чистење снег се зголемува повеќе отколку  при трчање на лента.

– Кога тоа ќе се комбинира со студениот воздух кој ги затегнува крвните садови и го намалува протокот на крв, имате совршени услови за срцев удар, вели Франклин.

Чистењето снег особено е напорно затоа што бара работа со раце, што е понапорно од работата на нозете, а исправената положба притоа ја пренасочува крвта од срцето кон долните екстремитети. Влажниот и тежок снег, предизвикува дополнителен стрес.

Многу луѓе при тешка работа го задржуваат здивот, што исто така, го оптоварува телото. За да бидат работите уште полоши, поголемиот дел од расчистувањето снег се одвива меѓу шест и десет часот наутро, кога луѓето природно се подложени на срцеви напади.

Доктор Франклин поради тоа смета дека чистењето снег е многу опасно и не им го препорачува на лица постари од 55 години. Ако веќе се мора, снегот подобро е да се истурка отколку да се крева и пред чистење треба почесто да се прават паузи на топло, да не се јаде и да не се пуши .

– Луѓето навистина не сфаќаат колку чистењето на снегот го оптоварува срцето, нагласува Франклин.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1