Поголема група навивачи на Пелистер вечерва околу 20 часот се симнале од возот со кој се враќаа за Битола по мечот против Вардар и почнале да дивеат.
Објави порталот Press24 кој од полицики извори дознава дека инцидентот се случил во наслебата Лисиче.
Кога возот застанал, поголема група Чкембари излегле и со разни предмети почнале да фрлаат кон паркираните возила на улицата Мите Богоевски и на булевар Србија, при што оштетиле неколку приватни автомобили и неколку куќи. Полицијата е на терен, ситуацијата е ставена под контрола.