Чудесна Македонија: Ова го имаме само ние и Мексико – Кристална пештера со лековита вода и селенит


Некаде на половина пат, меѓу бањата Косоврасти и Дебар, се наоѓа рудникот на германската фирма “Кнауф” кој длабоко во својата утроба крие едно ретко место од кое навистина запира здивот. Тоа е Кристалната пештера како што ја викаат локалните жители, но и малкутемина кои воопшто знаат за нејзиното постоење. Во неа може да се најде и види уникатниот кристал – селенит кој освен на ова место го има само уште во Мексико.

pestera6Поминувајќи оттаму не може а да не се забележи големиот бел рид чија површина е всушност алабастерот во чие подножје се крие рударското окно – “кристалната пештера”. Први кои го откриле ова место се римјаните кои пред повеќе од две илјади и двесте години поставиле рудник.

Влезот е на неколку метри над нивото на Дебарското Езеро. По само неколку метри почнува да се чувствува студениот воздух но и мирисот на сулфурот, кој доаѓа од неколкуте извори на термална вода во околината. Огромните кристални столбови и сводови ја прекршуваат и пропуштаат светлината на неколкуте светилки и батериите кои ги држиме во рацете. Потребни биле да поминат илјадници години додека тие да се формираат, но и условите кои ги има во ова место.

Температурата во пештерата е секогаш седумнаесет степени. Кристал на селенит кој може да се најде само тука е со 99 отсто чистота. Уникатен е пред се поради условите, притисокот на земјата и ридот, хемискиот состав и термалните води. Овој кристал спаѓа меѓу најмеките. Можете да го изгребете со прст. Но тој е компактен и поради уникатниот состав нема потреба од потпора.

Малку подлабоко во рударското окно, се забележува дека огромните сводови и таванот, кој некаде е висок и по десетина метри не се потпира на греди или било каква конструкција. Се држат самите.

pestera1На секои десетина метри во рудникот има огромен ходник кој води лево или десно од минијатурната пруга по која рударите ги туркаат количките полни со кристалот. Подот е испресечен со минијатурни поточиња од термалната вода, која иако мириса на сулфур има лековито влијание. Во играта на светлина, зраци и сенки, се забележавуваат неколку мали барички на чија површина има тенка кора, како матно стакло, а на дното нешто што потсетува на алги, но со бела боја.

– Оваа вода е многу лековита. Извира на околу еден километар од тука и под притисок го пробива патот до тука. Температурата кај изворот е меѓу 40 и 50 степени но тука е поладна, кристалот ја лади. Полна е со калциум, магнезиум и сулфур кои прават исклучително и уникатно соединение. А кората, на површината, се користи во козметиката и во фармацијата и е многу здрава за човечката кожа.

Ако површината на ридот е со алабастер, целата внатрешност на овој рид е кристалот. Колку всушност има, засега никој не може да каже со точност. Досега рударите стигнале околу 420 метри во хоризонтален правец. Испитувале и во длабочина и во висина, секаде е полно со кристалот.

pestera5Дупчено е до 23 метри во длабина и целото е полно со кристалот. Исто е и во висина. Засега има три ката меѓу кои има плочи дебели меѓу 5 и 6 метри со оџаци за воздух и материјали поради безбедност на рударите.

Овој кристал на селенит се користи исклучиво во медицината. Од него се произведува фин прав кој се користи за изработка на гипс и лонгети. По ископувањето кристалите се дробат и потоа се печат на температура меѓу 140 и 160 степени Целзиусови. Со печењето се одзема дел од водата која ја содржи хемиското соединение на кристалот. Но , мора да се внимава да не се препече. Најдобриот прав се добива кога во кристалот останува околу 25 отсто вода. Разликата во количеството вода се гледа при сврзувањето. Повеќе вода повлекува подолго време на сврзување, но во никој случај не влијае на квалитетот.

Многумина експерти и студенти од целиот свет биле во Кристалната пештера, вршеле испитувања и си заминале со еден ист заклучок, ова е чудо на природата.

www.radioilinden.com.au

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1