ВИДЕО: Огромна дупка се заканува да проголта цел град во Русија


Огромната дупка што лани се појави покрај градот Соликамск во Русија, не престанува да се шири, пишуваат светските медиуми

Дупката на почетокот имала димензии 20 на 30 метри, но за девет месеци пораснала на застрашувачки 122 на 125 метри. Се појави на местото на срушениот рудник во ноември минатата година.dupka rusija

Засега не постојат видици дека нејзиното ширење ќе престане, а површината што под неа пропаѓа ги вшмукува околните куќи. Длабочината на дупката се проценува на 75 метри, а веќе е видлива од вселената.

Компанијата во чија сопственот е рудникот, за дупката го обвинува земјотресот и поплавата што доведоа до рушење и им вети на сопствениците на пропаднатите куќи за компензација.

Во меѓувреме, прекинато е вадењето калиум карбонат од рудникот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1