Авиокомпанијата „Малезија ерлајнс“ го пренасочила летот на рдовната линија од Лондон кон Куала Лумпур наместо преку Украина, што била вообичаена рута, преку Сирија, покажуваат податоците од сајтот „Флајтрадар 24“.
Откако е соборен малезискиот патнички авион на летот МН17 над источна Украина, авиокомпаниите почнаа да го избегнуваат воздушниот простор каде се водат борби меѓу украинската војска и проруските сили.
Промената на рутата сведочи за проблемите кои ги имаат авиокомпаниите при пронаоѓањето на безбеден коридор на фреквентните рути меѓу Азија и Европа, оценува Ројтерс.
Стотици летови се одвиваа преку Украина пред трагедијата и не е невообичаено мѓународните авиокомпании да летаат преку воени зони како што се Сирија или Авганистан.
Американската федерална служба за авијација, чија регулатива е меѓу најстрогите во светот, во мај издаде препорака за американските оператори да не летаат од Сирија или над нејзината територија.