„Чудна светлина” над Канбера (ВИДЕО)


Снимка од необична светлина што се појавила над Канбера додека траело невреме предизвика големо внимание на Јутјуб.

Астрономот Бред Такер од Австралискиот национален универзитет вели дека црвената и зелената светлина која тлеела бледо во позадината е „карактеристика на аурора”, но сепак тој верува дека овој пат тоа била топчеста молња, пренесува ABC net.ball lightning

„Аурората се појавува кога поради активност Сонцето исфрла честички кои ја погодуваат Земјината атмосфера, се тријат во атмосферата на Земјата со што се создаваат гасови”, рече тој.

„Но, проблемот е што во тоа време немаше активност од Сонцето, поради облачноста не би ја виделе аурората.“

Д-р Такер појаснува дека во овој случај, енергијата за да се создаде аурора веројатно дошла од луњата.

– Истата активност која ја предизвикува аурората, всушност, може да се случи во нашата атмосфера за време на бура со многу електрични празнења кои предизвикуваат јонизирање на гасовите во атмосфера и појава на зелена или црвена боја, рече тој.

„Понекогаш, во посебни околности се создава нешто што се нарекува топчеста молња“.

„Нормално молњите удараат нагоре и надолу на земјата, но топчестата молња е нешто чудно што се појавува како топчеста експлозија, а понекогаш тоа може дури и да се движи на небото.”

Забележано е дека топчестите молњи се случуваат „почесто во Австралија отколку на други места“, вели астрономот и додава дека чудни природни феномени се случуваат секаде во светот.

Др Такер  вели: „Во Норвешка постои ваква чудна појава која се случува секоја есен за време од само неколку недели што предизвикуваат чудни НЛО светла, а тие светла се случуваат редовно како часовник”.

Научникот изјави дека е прилично сигурен дека оваа светлина не е предизвикана од вонземски суштества.

– Јас мислам дека тоа не се вонземјани, рече тој.

– Тоа веројатно не е направено во Фотошоп. Сè што се гледа се вклопува во сликата за топчеста молња.

– На некого веројатно само му се насмевнала среќата, се вратил од Божиќниот одмор, му било малку досадно и видел интересна бура и ја снимал, тоа е единственото нешто интересно што се случува во Канбера  деновиве”.

Метеорологот Шон Карсон се согласи дека светлината може да биде од топчеста молња.

„Тоа е многу интересно, нема сомнение, рече тој, но  имаше очигледно невреме со грмотевици во тоа време и сè што можам да помислам е дека тоа е молња“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1