По долга потрага: Познат американски пејач пронајден мртов


Познатиот кантри пејач Крејг Стрикленд е пронајден мртов, јавува Си-Ен-Ен.

Фронтменот на бендот Backroad Anthem кон крајот на декември со пријателот Чејс Морланд заминал на лов на патки на езерото Кеј Каунти кога ги зафатило силно невреме.krejg

Нивното исчезнување на 27-ми декември го пријавиле роднините. Набрзо бил пронајден чамецот со кој двајцата заминале, а еден ден подоцна во езерото пронајдено било и телото на Морланд.

Сомневањата се дека чамецот се превртел. Чејс пред несреќата на Твитер напишал „Во случај да не се вратиме, одиме низ олујата Голијат во лов на патки во Оклахома“.

 

Стрикленд имал 29 години, критичарите му предвидуваа сјајна кариера, а во брак беше со поранешната музичарка Хелен. Таа од него се прости преку Твитер, заблагодарувајќи му на Бог што конечно е пронајден.

На Инстаграм објавила дека нејзиниот сопруг успеал да излезе од водата и да се качи на ридот, но починал од преголем студ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1