Чудо со едно јајце – лесно се прави, готово е за 30 минути (Рецепт)


Бисквит

состојки:
– 1 јајце
– 1 чаша шеќер
– 1 чаша мелени ореви
– 1 чаша млеко
– ½ чаша масло
– 1 чаша брашно
– 1 прашок за пециво

kolac-desert-orasiПодготовка: Изматете ги јајцето и додадете половина чаша шеќер и продолжете да матите се додека не се добие густа кремаста текстура , а потоа додадете млеко , мешајќи постепено додадете го и останатиот шеќер. Потоа со лажица , се промешуваат и оревите и маслото, конечно, се додава промешува и брашното, во кое е измешан прашок за пециво .

Сето тоа добро измиксирајте го и ставете во подмачкано тавче. Се пече во загреана рерна на 170 степени околу 20 минути .

Совет: бисквитот  мора да биде сочен па затоа е важно да не претерате со печење. По 15 минути печење слободно со чепкалка набодете во средината на тестото – ако на чепкалка за заби не остануваат траги од смесата, можете да го отстраните од рерната .

КРЕМ

состојки:
– 1 ванила пудинг
– 3 дл млеко
– 2 лажици шеќер
– 15 грама путер

подготовка:
1 дл млеко и пудинг се мешаат во во него се додава и шеќер , остатокот од млекото се става на рингла и во него се додава смесата за пудинг . Со мешање оставете да зоврие и да се подготви пудингот. Оставете да се излади , а потоа измешајте го путерот и изматете добро со миксер.

На ладниот бисквит , додадете ја смесата и посипете со рендано чоколадо или ореви .

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1