Ликот на Свети Василиј Острошки Чудотворец, се појави на празникот Положување на појасот на Пресвета Богородица во манастирот Острог и тоа во моментот додека литургијата служел митрополитот црногорски-приморски Амфилохиј, објави парохијата Шавничка.
Ова не е прв пат ликот на овој светец јасно да се покажува. Според сведочењето на верниците ликот на Свети Василиј досега се појавил многу пати на карпите над манастирот Острог.
-Го видов ликот на светителот кој ненадејно се појави и исчезна. Се се случуваше како во сон, бидејќи ликот исчезна за неколку секунди. Сигурно светецот сакаше да ни испрати некаква порака, посебно во ова време на поделби, и сигурно сака да не заштити, изјавил еден од верниците.
-Не смеев за ова да зборуваме додека не ја видов снимката на социјалните мрежи, додава изворот.