Чудото на Света Петка: Докторите му рекле дека умира, но се спасил од вода


Еднаш бев на работ на смртта, сите ме отпишаа. Во тој момент, сакав само да оздравам, а знаев дека тоа не може да биде освен со помош на Бога“ – го почна својот разговор Миодраг Тодоровиќ.

Тодоровиќ изјави оти верува дека само преку верата, молитвата и самиот Бог се спасил од проблемите во кој бил.Bolnica-pacijenti-Sveta-Petka

Бидејќи еднаш бев во многу лоша состојба, посакав да добијам вода од Света Петка. Таа ноќ додека бев во шок собата, лекарите ми рекоа дека веројатноста да умрам е 99 отсто, само еден 1 отсто ми дадоа дека ќе преживеам. Беше 10 часот навечер, а јас цело време размислував за тоа кога ќе дојде некој да му кажам што ми е потребно, раскажува за српски Телеграф, Миодраг

Дојде докторот после некое време, ме праша дали може нешто да ми донесе, нешто што ми е потребно и му побарав вода од Света Петка. Ми кажа:„Добро, ќе ти донесам утре“, на што јас го замолив тоа да го направи вечерта.

„Инаку имав сепса и беше прашање на време кога ќе умрам. Утрото, кога брат ми ми донесе вода помислив:„Сакам да ја испијам оваа вода па нека умрам“. Другиот ден ми беше подобро и состојбата почна да ми се поправа. Во меѓувреме искрено се молев.

Додаде дека редовно, пости од кога знае за себе и неговата ситуација е само уште една потврда дека во Бога е спасот.

 

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1