Оваа година во Б и Х има голема наезда на змии.
Миќо Пантиќ кој живее во Модран велат дека го разбира јазикот на змиите. Познат е во целата околија и доколку некој е каснат од змија или им влезе змијата дома него го викаат да помогне.
Тој вели дека до сега ваква наезда на змии не видел како што е годинава, а со змии се занимава веќе 45 години. Змиите се лути. по обилните дождови и сега прејакото сонце тие се надразнети како што не сум ги видел до сега. Влегуваат во домовите и ги напаѓаат луѓето почесто од колку што е вообичаено.
Тој тврди дека го знае јазикот на змиите и прави против отров кој е многу ефикасен, но не би препорачал никој друг да го прави бидејќи рецептот е сложен и мора да биде стручен.
Последните денови постојано кај него доаѓаат луѓе кои го тераат да им вади змии од автомобилите, домовите, зградите, но доаѓаат и луѓе меѓу кои и деца кои се каснати од отровни змии.