Планета доаѓа кон Земјата и се заканува дека опасно ќе се приближи до нашата планета веќе во август оваа година, предупредува д-р Каплан. Радио станицата Турнер, го пренесува предупредувањето на д-р Каплан, за планетата која наводно доаѓа кон Земјата. Како што пренесе радио станицата Турнер, пред да се доближи огромното тело, на Земјата ќе се почувствува влијание поради гравитацијата на тоа небесно тело.
За овој случај побарано е и мслење на други геолози и астрономи, кои потврдиле дека, доколку пресметката на д-р Каплан е точна, Земјата ќе се соочи со страшни непогоди. Се ќе започне со временски аномалии. Потоа ќе се зголеми бројот на земјотреси и вулкански ерупции затоа што магмата од земјата ќе биде привлечена од гравитацијата на другата планета.