Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија располага со доволни количини крв од сите крвни групи, изјави за МИА директорката д-р Емилија Велкова.
– Има многу дарители. Имаме доволно крв од сите крвни групи. Нема потреба луѓето да доаѓаат и да се малтретираат. На оние кои доаѓаат им објаснуваме дека имаме, меѓутоа ако сакаат сепак даруваат крв, рече Велкова, притоа изразувајќи благодарност на сите дарители.