Да го осигурате вашиот стан или не? – еве што ризикувате


Според податоците на Министерството за внатрешни работи, бројот на тешки кражби пријавени во 2013 година надминува 15.000, и тоа тука не споменувајќи ги дополнителните 5.530 кражби од полесен вид и 468-те разбојништва пријавени истата година.

kradec 1И бројките да добијат уште повеќе на тежина, од пријавените 15.109 тешки кражби минатата година, процентот на откриените виновници се движи околу 20%, што само докажува дека она што ви го украле, во најголем број ситуации, никогаш нема да го најдете.

Истото се однесува и за пожарите. Во 2013 година од вкупно пријавените 1.079 пожари, речиси половината се на објекти (куќи или згради), а многу помал број се на автомобили. Меѓутоа, ако се земе предвид дека процентот на осигурени домаќинства не е поголем од 10%, ќе дојдеме до фрапантни податоци колку всушност семејства претрпеле штета во домот од пожар, ако воопшто и некои од овие 500 домаќинства влегуваат во 10-те проценти осигуреници. Имајќи ги предвид горенаведените бројки, се подвлекува прашањето „дали нам тоа навистина не може да ни се случи?“

pozar2Податоци за точниот број на поплави нема, но, доколку го погледнете податоците на Еуролинк осигурување за број на штети во период 2008-2013 година за полиси од тарифата на домаќинско осигурување, ќе забележиме дека бројот на настанати штети од излевање  вода поради прскање  цевка од водоводна инсталација е најголем и значително отскокнува од останатите ризици.

Имено, во овој период, Еуролинк осигурување исплатиле надоместок за штета од излевање  вода на 263 семејства, а колку за илустрација, за истиот период исплатени се 10-тина штети од пожар, 48 од кражби и 20-тина од силно невреме. Статистиката на Еуролинк само покажува дека поплавите можат да бидат најчест ризик, и тоа не гледајќи ги бројките за исплатени штети од останатите осигурителни компании, ниту семејствата на кои им се случила поплава, а не се осигурени, или пак забележани во нечија евиденција.

Од вкупно 1.459 испитаници, на прашањето „Дали имате станбено осигурување“, само 124 граѓани одговориле позитивно, што се поразителни 8,5% од испитаниците. Од овие 124 осигуреници пак, дури 71% одговориле дека договорот со осигурителната компанија го склучиле поради барање станбен кредит во банка, што покажува дека само 36 семејства од вкупниот број анкетирани доброволно го осигуриле својот дом, свесни за ризиците на кои се изложени.

Непосредно пред лансирањето на својот најнов продукт за станбено осигурување „Доми Комплет“, осигурителната компанија Еуролинк осигурување спроведе едноставна кратка анонимна телефонска анкета со цел да го испита јавното мислење.

Од друга страна пак, само 31% од оние 1.335 граѓани кои одговориле дека не се осигурени, на прашањето „Дали станбено осигурување за нив претставува инвестиција или трошок“, одговориле дека го сметаат како инвестиција.

Анкетата е едноставна, но доволно практична и јасна за да ја отслика реалната перцепција кај македонските домаќинства. Ниту една статистика од трите поставени кратки прашања не оди во прилог на безбеден дом и сигурна иднина.

stedi za stan

Дури и официјалните податоци не се далеку од бројките добиени во анкетата на Еуролинк. Трендот на осигурување на домаќинствата во изминативе години во Македонија, според податоците од осигурителните компании, практично и да не бележи раст, иако статистиките колку несреќи и штети во домаќинствата се случуваат на годишно ниво се застрашувачки. Наспроти големиот број на несреќи, на дијаметрално спротивната страна стои фактот дека процентот на осигурени домаќинства во Македонија се движи околу 8-10%, и тоа голем дел од овој процент опфаќаат граѓани коишто мора да ги осигуруваат станбените објекти што ги даваат под хипотека при земање кредит од банка. Доколку ги погледнеме практиките од останатите земји каде процентот на осигурани домаќинства се движи околу 80-90%, сфаќаме дека македонските граѓани се сè уште многу назад во следењето на овие трендови.

Сево ова првенствено говори за ниската свест на граѓаните, нивната недоволна информираност за сите можности кои ги нуди станбеното осигурување, но, секако и за нивните навики, честите предрасуди дека осигурувањето чини многу, како и за општата култура на живеење.

osiguruvanjeДиректорот за продажба во Еуролинк осигурување, г-дин Борче Попризов, вели дека генералната перцепција кон индустријата се должи на неинформираноста на луѓето за економската достапност на пакетите за станбено осигурување. „Ваквиот однос на граѓаните кон заштитување на својот дом од кражби, разбојништва, пожари и разни непогоди се должи на тоа што тие не се доволно информирани за бенефитите од осигурениот имот и бавно ги менуваат навиките. Полисите за станбено осигурување ‘Доми Комплет’ кај нас почнуваат од околу 1.000 денари годишно, зависно од квадратурата и типот на пакет, па се прашувам, зошто некој би претрпел штета дури и од милиони денари, кога толку поволно може да си го обезеди својот дом“, истакнува Попризов.

„Културата на живеење кај нас е таква што однапред ја бараме економската оправданост, без притоа да размислиме за можните последици понатаму. Меѓутоа, наша работа е да ги информираме, да ги едуцираме и поттикнеме да размислуваат за осигурувањето како инвестиција, а не како луксуз“, додава тој.

И навистина, искуствата досега илјадници пати покажале дека македонското население станува свесно за потребата од осигурување само кога мора, односно откако ќе му се случи некаква незгода во домот. Најчесто, оштетените, во недостаток на осигурително покритие, бараат помош од блиските и хумани луѓе, а не ретко и од државата.

Но, дали е тоа оправдано? Има ли поента кога штетата е веќе направена?

Па оттука и повторно се враќаме на почетокот: Дали осигурувањето на сопствениот дом, на сè она што го поседуваме и градиме за нашето семејство е непотребен трошок? Секако дека не е. Безбедноста несомнено е инвестиција во себеси и најблиските, но истовремено претставува и нешто многу повеќе од тоа. Претставува стабилна иднина која инаку никој не може да ни ја гарантира.

Оној момент кога ќе размислиме длабоко и ќе си одговориме на прашањето „Што за мене вистински значи зборот дома?“, ќе знаеме да одговориме што значи и неговата безбедност. Оти, домот не е само место за живеење; тој е нашиот живот, нашата утеха, нашиот мир и спомените кои се извор на љубов, среќа и спокојство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1