Проверете кој им пишува на децата на Фејс – уапсен скопјанец кој праќал секс снимки на деца


Триесет и четири годишниот Т.Ч. од Скопје на профилот Tonyy Montana (Montana) објавувал слики од сексуални односи кои ги имал со малолетни девојчиња. Случајот бил откриен откако на 3-ти март Т.Ч. објавил слики со експлицитна содржина на профилот, а потоа истите му ги пратил на својот малолетен син во порака на социјалната мрежа од профил потпишан како Skrseno srce.

internet deca pornoРодителите на малолетничката која е на сликите го пријавиле случајот, по што против Т.Ч. е поднесена кривична пријава.

Неговиот компјутер, мобилни телефони и поголем број ЦД-а се одземени и предадени на понатамошно истражувања, бидејќи полицијата се сомнева дека пријавениот во повеќе наврати имал сексуални односи со малолетнички кои ги фотографирал.

МВР апелира доколку некои родители забележат дека на фејсбук профилите на нивните деца биле забележани пораки од посочените профили, истите да го пријават случајот во најблиската полициска станица.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1