Да останеше со нас Тоше денеска ќе наполнеше 32 години – Фото од неговите родендени


Денеска на Гумење во Крушево, Спомен куќата на Тоше Проески беше средиштето на чествувањето и сеќавањата за него и за неговиот роденден. Требаше да биде неговиот 32-ри роденден, но беа само сеќавања, чествување за неговиот голем талент, за неговото големо хумано срце.

tose rodendenНајсилната од сите пораки, тошевата песна, и денеска ги допре срцата на неговите блиски, неговите фанови, почитувач собрани во Спомен куќата.

Промоцијата на спотот за песната „Се е ова премалку за крај“ е симболиката на овој 25-ти јануари. Песната на Тоше ја промовираше авторот на текстот и композитор Јелена Трифуновиќ од Србија.

– Тоше планираше да ја сними песната „Се е премалку за крај“. Ми кажаа дека е пронајдена во неговиот компјутер. Не можеше да се искористат сите делови. Никша Братош, направи феноменален аранжман, песната заживеа и сега имаме уште еден убав спомен за Тоше – изјави Трифуновиќ.

Спотот за песната на Тоше – Све је ово премало за крај (Видео)

Фондацијата на Тоше Проески се грижи за неговите спомен и дело.Оваа песна е потврда дека е големо музичкото наследство што го остави Тоше, вели Андреј Николоски.

tose4– Кога човекот го слави својот роденден најблиските го даруваат со најубави желби и подароци. Шеста година по ред нашиот Тоше не е меѓу нас.

Не е тука да му ги подариме најискрените желби. Болката и тагата не престануваат. Фондацијата се обидува да го прави она што тој најмногу го сакаше, им подарува и да ги прави среќни своите фанови.

За нив подаруваме уште еден голем хит. Секоја негова песна е своја порака. На проектот се 16 песни кои го одбележуваат карактерот на Тоше и најновата „Се е ова премалку за крај – рече Николоски.

На задната страна на обвивката ќе има досега необјавени фотографии на Тоше. Николоски најави и нови песни.

tose2Министерката за култура Елизабета Канческа Милеска потенцирајќи оти го одбележуваме 32 роденден на Тоше истакна дека во Спомен куќата се втемелени сите негови човечки квалитети, искрени заложби, извонреден талент и уметнички достигнувања кои оставија траен белег во нашата колективна меморија.

Таа истакна дека од оваа година Министерството за култура ќе биде покровител на еден голем меѓународен фестивал со натпреварувачки карактер кој ќе го носи името на нашиот Тоше.

Македонските музичари Андријана Јанеска, Билјана Талеска, Александра Пилева, групата „Некст тајм“, „Кристијан и неговиот бенд, Тошевиот бенд уште еднаш ги пееја песните на нашата голема музичка ѕвезда.

Кажано од Тоше

– Не сакам да ми симнувате капа. Само сакам да се гордеете со мене.

– Кога ќе ви одземат сè, ќе ви останат двете раце, составете ги една до друга за молитва… Tогаш ќе бидете најсилни.

10. Никогаш не би се откажал од пријателите. Секогаш би бил со нив. Во добро и во зло. Во добро да се радувам, во зло да помогнам.

15. За љубов би се борел до крај. За љубов сум спремен на сè!

1. Секоја жена на овој свет заслужува, барем во очите на еден маж во еден момент, во една секунда, макар тоа било и само еднаш во животот, да се почувствува најпосакуваната жена на светот и ако цел живот ми помине во тоа, ќе знам дека не сум го протрошил залудно.

Извор – Миа

Фото – Теа Модерна

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1