Да победеше во светот Даниел сега ќе беше милионер – еве ги наградите на Х-Фактор во светот


daniel zname 2Победникот на „X Factor Adria“ Даниел Кајмакоски , доби 10.000 евра и автомобил.

Да победеше во американското или британското шоу, би освоил повеќе од милион долари.

Американски X Factor: Во првите две сезони паричната награда изнесувала дури пет милиони долари, додека претходната сезона беше намалена на милион. Освен што се работи за вртоглава сума на пари, добитникот добива и договор за снимање на албум и снимање на неколку спотови.

Австралиски X Factor: Според правилата на натпреварувањето, победникот на австралискиот X Factor добива награда во износ од 330.000 долари.

Британски X Factor: Во Велика Британија вкупниот награден фонд изнесува околу 1,7 милиони долари, со тоа што победникот добива парична награда од 250.000 долари, додека остатокот се однесува на договори за снимање на албум.

X Factor Adria: Подебдникот на првата сезона, Даниел Кајмакоски за првото место доби договор за снимање на албум, два спота, 10.000 евра и автомобил.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1