Да се наежиш: Вистински истражувачи на паранормалното


Секој човек го интересира паранормалното.  Некого повеќе, некого помалку. Инаку не би постоеле хорор филмовите и истражувачите. Имено, светот е полн со истражувачи по невообичаеното и несекојдневното, луѓе кои поминуваат безброј часови за да обезбедат непобитен доказ дека постои нешто повеќе од нас, луѓе кои сакаат да ги разоткријат големите мистерии зад светските легенди.

Еве неколку интересни приказни:

  • Вилијам Хоуп и неговата фотографија со духот

vilijam houpВилијам Хоуп (1866-1936) бил познат британски истражувач по паранормалното. Неговата слава ја достигнал со познатата фотографија со дух, нешто што во денешно време се користи во секојдневната пракса во потрагата по паранормалното, но тогаш не било случај. Вилијам е првиот кој успеал да фотографира дух на слика и со тоа неговата медиумска слава експлодирала. Подоцна се докажало дека тој манипулирал со фотографирањето и дека позади целото ова се криела голема измама.

  • Во Лос Анџелес, Калифорнија постои една организација позната под името Независна Група на Истражувачи. Оваа организација е најголема од овој вид во САД и постои веќе 14 години. Нејзиниот основач, Џим Андердаун доделува голема парична награда од  100.000 долари за секој кој ќе може да докаже дека поседува паранормални способности. Досега никој се уште ја нема освоено.

duhovi

  • Една од најчестите алатки за истражувачите на паранормалното се мерачите за Електро Магнетното Поле (ЕКП). Постои големо недоразбирање помеѓу луѓето зошто тие служат. Некои тврдат дека се користат бидејќи духовите емитуваат електромагнетска радијација, други велат дека воопшто не влијаат врз ЕКП. Очигледно, употребата на овој апарат предизвикува големи проблеми. Никој точно не знае како да ги отчитува појавувањата, а некои истражувачи велат дека овие направи ја предизвикуваат активноста на духовите.

profi emf meter

Виктор Гребеников е советски научник и неконвенционален истражувач на паранормалното и натприродното.

viktor grebennikov

Гребеников работел како истражувач на инсекти пред да навлезе во паранормалното.

Пред неговата смрт во 2001, тој имал опсежни истражувања од полето на левитацијата,  тврдејќи дека имал изградено специфична, геометриска структура од инсекти.

Со помош на неа тој можел да патува преку 300 метри и да се движи со брзина од 25 км/ч.  Енергијата околу него го штитела од повреди.

Тоа е неговата страна од приказната, ако сакате да дознаете нешто повеќе за ова, погледнете го видеото подолу.

  • Истражувачите на самовили

fairy investigation societyОна што сега за светот преставуваат НЛО и духовите, во периодот од Втората Светска војна тоа претставувале самовилите.

Благодарение на успехот на Петар Пан и на лажните слики кои кружеле низ општествата, интересот за овие мистериозни појави бил огромен.

Здружението на Истражувачи на Самовили било британски клуб на паранормални ентузијасти чија специјалност биле овие крилести појави.

Тешко е да се најдат веродостојни информации за ова друштво во денешно време, а уште потешко докази за овие мистериозни самовили.

  • Спонтано Човечко Самозапалување

spontaneous human combustion.Доктор Џонас Дупонт никогаш не го истражувал паранормалното. Но благодарение на една несекојдневна случка, сите истражувачи со задоволство го паметат неговото име.

Во 1673 година тој ја напишал првата книга во која имало обработено теми и мотиви за Спонтаното Човечко Самозапалување.

Разгледувајќи го случајот на еден парижанец кој бил обвинет за запалување на неговата сопруга, но подоцна бил ослободен бидејќи било докажано дека неговата сопруга спонтано изгорела. Книгата на Дупонт станала популарна преку која ја проширил појавата за СЧС во јавноста.

  • Морис Грос

Морис Грос е еден од најпопуларните британски истражувачи на паранормалното на сите времиња. Харизматична личност која навлегла во светот на паранормалното откако неговата ќерка починала во трагична сообраќајна несреќа.

Оттогаш, Грос почнал да доживува натприродни доживувања и се придружил во здружението на истражувачи. Една година подоцна, Грос бил дел од еден од најбизарните случаи на Полтергејтс. Случајот попознат уште како Енфилд Полтергејтс било прогонување од духови кое траело со месеци. Грос го поддржувал семејството кое минувало низ овој хорор, спиел во нивната куќа и ги снимал сите невообичаени појави. Најчудното во овој случај била појавата на мистериозен старец кој зборувал со глас на 11 годишно девојче, а Грос нудел награда за оној кој би можел да го репродуцира гласот. Никој не успеал. По завршувањето на овој случај, Грос стекнал голема слава.

marucie grosse

  • Брајан и Бакстер

brajan i baxerБрајан и Бакстер се основачи на Роки Маунтинс Истражувачки клуб по Паранормалното. Нивните очила за сонце и костуми им даваат уникатен и сериозен изглед.

Тие ги истражувале сите измами и превари кои стоеле зад сите “натприродни појави”, односно биле познати како разоткривачи на митови.

Низ нивната долга кариера, тие разоткриле бројни измами. Нивната изјава е дека тоа што го работат не го правеле за да ја откријат целата мистерија во светот, напротив да ги пронајдат вистинските мистерии и паранормални случувања.

  • Клубот на Духови

ghost clubКлубот на Духови е најстариот клуб за паранормални појави во светот основан во 1862 година во Лондон. Членови на овој клуб биле познати свештеници, владики и архиепископи, а и познати воени лица.

Клубот секогаш бил ориентиран кон тивки и притаени истражувања, и делуваат како формален клуб на истражувачи, наместо како ловци на духови. Имаат високо организирана структура на состаноци и средби, а на секакви шегаџии и несериозни членови пристапот им е строго забранет.

http://www.factsall.com

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1