Дали би се заразиле со свински грип за 3.000 долари? – нов начин на заработка во САД (Видео)


Никој не сака да се разболи од грип. Но што доколку ви платат за да се заразите и некое време страдате од оваа болест?

HT_deliberate_flu_volunteer_sk_140129_16x9_608Научниците од Националниот институт за здравство се во потрага по 100 храбри волонтери, кои доколку се согласат на ваков третман, ќе им биде прснат вирусот во носот. На оние кои се подготвени да се борат со кивањето, шмркањето, и болките за доброто на науката, ќе им биде компензирано по 3000 долари, за тоа што одвоиле дел од своето драгоцено време.

Дваесет и шестгодишниот Даниел Бенет, од Колеџ Парк, е еден од оние кои доброволно се согласиле да се заразат од грипот, болест од која умираат илјадници луѓе секоја година. Тестирањата ќе бидат во согласност со Центрите за контрола на болести и превенција.

„Нивните стандарди се толку високи што јас не верувам дека ќе бидам изложен на каква било опасност“, вели Бенет зa Associated Press.

Како од Бенет така и од другите доброволци ќе се бара да поминат најмалку девет часа во карантин во болница, додека лекарите ги набљудуваат нивните тела како реагираат во различни фази на грипот.

Целта е да се добие увид за тоа како научниците би можеле да создадат подобар тип на вакцина. Лекарите ќе ги собираат флуидите од нивните носеви, а откако тестовите ќе потврдат дека тие повеќе не се заразени, истите ќе бидат пуштени.

На огласот можат да се јават само здрави луѓе до 50 години кои потоа треба девет дена да поминат во карантин во болница.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1