Дали е нормално да има грмотевици среде зима – Еве го одговорот!


Синоќешната ситуација со грмежи и пороен дожд среде ноември многумина ги стави во мисла за тоа дали е нормално да грми речиси во зима. Одговорот, еднозначно е ДА!
studenfrontschemathumbmedium500278
Она во што се разликуваат олујните невремиња во лето од оние во зима е енергијата во атмосферата. Нормално таа е поголема во лето. Сношти имавме класична ситуација на студен атмосферски фронт, а распореденоста на баричките полиња беше таква што кон нас од југозападна страна имавме значителна адвекција (хоризонтален транспорт) на влага, а од северозапад имаме спуштање на значително постудена воздушна маса (студен атмосферски фронт). Во ваква ситуација имаме идеален сплет на околности за малку потурбулентно време. На шемата подолу лесно и сликовито е објаснето како се формираат облаци во оваа ситуација.
Вертикален пресек на студен фронт
Синоптичка ситуација на Балкански полусотров (18 ноември 2014)analiza-00-18-11thumbmedium500261
Вертикалното кревање на воздухот при студен фронт е честопати потпомогнато и забрзано кога истиот ќе наиде на планина, па во тој случај освен фронтална конвекција (вертикален транспорт на воздух нагоре), имаме и орографска (планинска) конвекција. При вакви процеси развојот на облаци е побрз, со поголеми вертикални брзини во самиот облак, со што се создаваат услови за појава на електрични празнења. Истите можат да бидат молњи од типот облак кон земја и облак кон облак.
Tреба да го имаме на ум и фактот дека изминативе неколку дена беа значително топли, со температура на Албанското крајбрежје која надминуваше 20°С, а кај нас во Пелагонискиот крај имаше максимална вредност околу 16°С, што е релативно топло и што е добар показател за енергетската состојба на атмосферата.
Дури и во услови на обилни врнежи од снег, молњите не се невообичаена придружна појава. Во англискиот јазик дури има и посебен збор за оваа појава – thunderstorm.
Целата анализа прочитајте ја на Метеопро.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1