Дали лустраторите прогласија за кодош погрешен човек?


Јас не сум тој што го лустрира Kомисијата за верификација на фактите, туку тоа е некој друг човек, кој носи исто име и презиме, изјави вчера Петар Kарајанов, поранешен функционер од времето на социјализмот.

karajanov1– Од документите се гледа дека не станува збор за мене бидејќи јас сум роден во 1936 година, а не во 1937 година, и јас немам брат, туку сестра. Освен тоа никогаш не сум бил во Шведска, а во документите се информира за Петар Kарајанов, кој како кодош одел во Шведска кај својот брат по информации за службите. Погрешни се и податоците за факултетот на студирање и други податоци поради што е очигледно дека не станува збор за мене, туку за друго лице – рече Kарајанов и додаде дека живеел во Скопје, а не во Гевгелија, како што стои во документацијата.

Петар Карајанов ја повика комисијата да му се извини за направената штета и да признае јавно дека лицето кое е прогласено за кодош е друг Петар Карајанов, а не биорецот од НОБ, поранешниот секретар на Градскиот комитет на КПМ.

Од Kомисијата за лустрација ни изјавија дека остануваат на тоа што го утврдиле.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1