Од понеделник нова цена на бензините


Од понеделник, Регулаторната Комисија за енергетика треба да ја соопшти новата малопродажна цена на нафтата и бензините. Дали од вторник ќе возиме поскап или поевтин бензин, ќе се знае откако ќе се направат пресметките.

man_with_oil_pumpЦената на барел сурова нафта денеска на лондонската берза се спушти за 63 центи, на 101,56 долари.

На 20 мај, кога регулаторите последен пат ја формираа малопродажната цена на бензините, просекот за изминатите 14 дена беше 103,3 долари за барел.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) пред две недели се зголемија за половина денар по литар па така сега цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 80,50 денари за литар а на ЕУРОДИЗЕЛ  67,50 денари. Малопродажните цени на  ЕУРОСУПЕР БС-95 и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) скокнаа за еден денар и се точеа за  79 односно 56,50 денари за литар

press24

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1