Над 600 лица сакаат да бидат директори


manlookingatbossdoor

Одѕивот за огласот што го објави Владата за раководни функции е над очекувањата. Досега се пристигнати околу 640 апликации, а се очекува нивниот број да се зголеми до крајниот рок, изјави премиерот Никола Груевски.

– Досега има околу 640 апликации, а се уште не е дојден крајниот рок. Вообичаено, во нашиот менталитет е во последниот ден да доаѓаат најмногу апликации, но и досега можам да кажам дека одѕивот е голем и можеби е над очекувањата бидејќи со овој оглас не бараме квантитет, туку квалитет. Нашиот апел не ни беше кој ќе стигне да се јави на огласот, туку оној што поседува највисоки знаења, искуство, квалитет и талент за менаџирање со институции. Во тој контекст можам да кажам дека има и повеќе отколку што во овој момент очекувавме и најверојатно во последните денови бројката ќе биде многу поголема, рече Груевски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1