Дали му верувате – сопруг тврди дека сам се изгорел кога се ,,јавил на пегла,, место телефон (Фото)


se javil na peglaTomasz Paczkowski (32) од Полска сакал да и помогне на сопругата, па се понудил да ги испегла алиштата. За малку ќе завршел трагично.
– Можеби звучи како шега, сепак тоа не е нималку смешно. Минатата недела сопругата отиде на работа, па одлучив да ја испеглам облеката. По појадокот го запалив телевизорот и почнав да гледам бокс. Отворив пиво и ја земав пеглата во рака, раскажува Томаш и додава дека толку се загледал во натпреварот што заборавил дека во рака ја држи загреаната пегла.
Одеднаш заѕвонил телефонот.
– Мислев дека во рака го држам телефонот, па пеглата ја ставив на уво. Лицето почна да ми гори. Истрчав во бањата и го измив со ладна вода, раскашал Томаш за полскиот весник „Факт“.
По немилиот настан, лекарите му ги санирале изгорениците и го замотале со завој на глава.
– Сега изгледам како да сум се борел во ринг. Си реков на себе си дека веќе никогаш нема да гледам бокс, вели Томаш.
Од пеглањето, засега не се откажува!

Коментарите од читатели на овој текст се дека не му веруваат дека самиот се изгорел, прашуваат дали можеби сопругата му помогнала? 🙂 ,,Сигурно не испеглал добро,, – е коментарот на еден од читателите.

se javil na pegla2

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1