Дали опасноста од провевот е само балкански мит?


Ако редовно го користите јавниот превоз, тогаш речиси сигурно сте доживеале на 40 целизиусови степени некој да ви го затвори прозорецот во автобусот со „несоборливиот“ аргумент дека провевот е опасен за здравјето.

19062013174823_promaja

Но, која е вистината за провевот? Дали можеме да се разболиме од него, или се работи само за мит, за некоја традиционална легенда?

Оваа интересна дилема ја отворил минатата година Коби Браун, еден блогер кој живее во Хрватска, а има американско потекло.

Во еден одличен, духовит осврт тој се пожалил на феноменот наречен „страв од провев“ за којшто тврди дека е незаобиколен составен дел од животот на поголемиот број луѓе од Балканот.

„Ветерот кој дува од едниот до другиот крај на просторијата, или ладниот ветар во облачните денови може да предизвика многубројни болести. Провевот е одговорен за сите болки во мускулите, главоболките и за настинките кои се движат од инфекција дури до воспаление на мозокот“, истакнува Браун во текстот насловен „Провевот или големиот културен јаз помеѓу нас“.

Браун вели дека тој и неговите пријатели Американци кои се навикнати да спијат со отворени прозорци и традиционално го сакаат ветерот, никако не можат доволно да му се изначудат и изнасмејат на стравот од провевот, којшто им се чини како некое балканско суеверие, слично на верувањето во вампирите и слични нешта.

„Еден мој пријател оженет во Бугарија, одлично го долови тоа, велејќи дека во Бугарија џемперот е нешто што детето го носи кога на мајката ѝ е ладно“, се жали блогерот.

Но дали провевот е навистина само балкански мит или претставува вистинска закана за адравјето?

Доколку се обидете да пронајдете некој текст за последиците од провевот на интернет (на англосаксонските интернет-простори), ќе пронајдете речиси исклучиво алтернативни страници на киропрактичари, акупунктуристи, акупресуристи и слично. Тешко ќе пронајдете некое сериозно медицинско списание во кое е разгледуван проблемот за провевот.

Докторот-специјалист Симеон Грацио, претседател на „Клинката за ревматологија, физикална медицина и рехабилитација“ во Загреб и уредник на списанието „Физикална и рехабилитациска медицина“ има објаснување за ова.

„Нема научни докази за тоа дека постои причинско-последична врска помеѓу провевот и болките во грбот, вратот и слично“, вели д-р Грацио и објаснува: „Некои луѓе можат да го тврдат спротивното врз основа на нивното лично искуство, но кога зборуваме за медицина втемелена на докази, искуственото ниво е најнискиот степен на докажување. Во стручните списанија можеби и можат да се објават прилози за нив, како прикази на одредени случаи, но се работи за премал број на т.н. докази за да може да се зборува за причинско-последична врска“, вели овој експерт, но истакнува дека тоа сепак не значи дека е паметно кога сте премногу испотени да стоите веднаш под клима-уредот.

Дали можеме да настинеме од провевот?

Значи, ако им веруваме на експертите, провевот нема да предизвика главоболки, невралгии, воспаление на мозокот и слично. Но можеби сепак е вистина дека луѓето можат да настинат од провевот и евентуално да добијат воспаление на белите дробови?

Примаруис д-р Рок Чивљак од „Клиниката за инфективни болести“ вели дека и ова е само мит. „Провевот дефинитивно не предизвикува заразни болести. Вирусите се оние кои предизвикуваат настинки, а тоа нема никаква врска со провевот. Тоа се коси со сите начела на нашата професија. Можеби провевот може да ги подигне вирусите од тлото и така да го контаминира воздухот, но никогаш не сум чул дека постојат некои научни трудови за тоа или пак некои докази, па за оваа тема може само да се претпоставува“, кратко и јасно одговара д-р Чивљак.

Па, можеби сепак опасноста од провевот е само легенда?!

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1