Дали ова ќе го уплаши Путин: Без најава блокирани руските картички на Visa и Mastercard


Американските компании за кредитни картички Visa и Mastercard престана без претходна најава да ги даваат нивните услуги на клиентите од повеќе руски банки по објавувањето на Вашингтон за воведување санкции против Русија за анексијата на Крим.

credit-cardsБанка на Русија, која е покриена од страна на американските санкции , денеска најави дека Виза и Мастеркард “, без предупредување укинале можност нивни клиенти да плаќаат со овие картички . ” Нејзината сестра банка, Sobinbank е исто така погодена. ЗПМ банка , контролирана од страна на браќата Аркадиј и Борис Ротенберг, чии имиња беа додадени на листата на санкции, најави и дека се блокиран и трансакции на нивни клиенти кои имаат кредитни картички Виза и Мастеркард.

Поточно , клиентот може да повлече пари од картичктаа само од банкомати на банката или партнер банки и веќе не може да ги користи за да купува со картичката иако има пари на неа.

Американскиот претседател Барак Обама денеска најави дека на листата на  лица погодени од санкции додаде олигарси и руски официјални лица во близина на Владимир Путин. Меѓу нив се Генадиј Тимоченко, Аркадиј Ротенберг и Јури Ковалчук , претседател на Банката на Русија, кој се смета за ” личен банкар на високи руски претставници, вклучувајќи го и Путин . ” Според санкциите нивните средства во САД се замрзнати, и е забрането да прават бизнис со американските граѓани или компании. 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1