Грабнувал деца, ги вадел и продавал нивните органи (Видео)


Мануел Планкарте Гаспар е член на банда и внук на лидерот на бандата наречена “темплари”. Бил уапсен минатата седмица во украден автомобил во кој била пронајдена и дрога.

manuel-plancarte-gaspar-01-630x418Мексиканската полиција го уапсила 34-годишниот Мануел Планкарте Гаспар кој е осомничен дека е член на банда која киднапирала деца, ги вадела нивните органи и ги продавала. Гаспар бил уапсен минатата седмица во украден автомобил заедно со уште еден осомничен. Кај мажите биле пронајдени и пари и метамфетамин. Уапсениот Гаспар е внук на Енрике Планкарте Солис, лидер на бандата која се нарекува “витези темплари”.

“За време на истрагата дојдовме до изјави на неколку сведоци кои укажуваат дека мрежата од осомничените пронаоѓала луѓе со одредени особини, пред се деца, и ги киднапирала поради трговија со нивните органи”, изјавил министерот за внатрешни работи во мексиканската сојузна држава Мичоакан, Карлос Кастеланос Бечера. Министерот оваа информација најпрво ја објавил на Твитер, иако тоа не е вообичаена пракса за мексиканската полиција. На тоа реагирал и лидерот на една доброволна група за борба против криминалот во Мичоакан. На радио изјавил дека е познато што прават “темпларите” и дека неколку деца биле спасени.

Децата беа во контејнери замотани во вреќи. Сите биле киднапирани од училишта во Мексико Сити – изјавил Хозе Мануел Мирелес. Децата биле киднапирани за време на еден излет на плажа. Откако биле ослободени биле вратени кај своите родители, пишува Daily Mail.

Denesen

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1