Хрватските експерти истражуваат дали Томислав Салопек, Хрватот кој беше заробен во Египет е навистина убиен и како може да се утврди вистинитоста на фотографиите.
Долх Клавх и Аах Саина го убиле хрватскиот заложник Томислав Салопек, пишува во пораката од Исламската држава на Твитер, а ја пренесоа странските медиуми.
Како што пишува „Јутарњи.хр“, фотогрфијата од наводното убиство на Салопек е снимена во пустина, а според положбата на сонцето, фотографијата е снимена или рано наутро или приквечер.
Сенките на фотографијата отккриваат дека имало повеќе егзекутори.
Ова е првпат Исламската држава да објавува имиња на егзекутори, кои не се во врска со познатиот џихадистот Џон.
Сите досегашни егзекуции на западни државјани ги направил токму британскиот џихадист Џон. Тој прво се фотографираше со своите жртви, а потоа следуваше морничава фотографија од убиените. Така беше во досегашите осум егзекуции на западни државјани.
Во случајот со Томислав Салопек, неговите наводни убијци не се фотографирани.
Имињата на неговите егзекуери досега не се појавени во јавност и не е позната нивната позиција во хиерархијата на ИД.
Анализата на фотографијата со Салопек, како што дознава „Јутарњи.хр“ покажала дека дел од фотографијата е дигитално обработена, односно дека „поминала низ фотошоп“.
Во претходните случаи на ваквите убиства, по објавената фотографија следуваше и видео-снимка. Во случајот со Томислав, барем засега, нема. Според некои проценки, дури евентуална снимка би можела да биде потврда за убиството.