Дали знаевте зошто луѓето се бакнуваат?


„Нејзините очи се ширум отворени додека гледа во твоите. Ја прегрнуваш околу нејзината половина ја и ја приближуваш кон себе.

Таа го допира твоето лице и се наведнуваш на десната страна па вашите усни веќе се поврзани. Чувството кое те преплавува не ти остава многу место за чудење – зошто јас го правам сето ова“?

Секако наједноставен одговор на прашањето зошто луѓето се бакнуваат е тоа дека бакнежот предизвикува добро чувство. Но постојат луѓе на кои ова објаснување не им е доволно. Тие ја истражуваат анатомијата и еволуциската историја на бакнувањето, а тие луѓе се нарекуваат филематолози.

До сега овие специјалисти за бакнување не објасниле уверливо од каде потекнува бакнежот, но осмислија неколку теории и зацртаа како на нашата биологија влијае страственото спојување на усните.

Големото прашање е дали бакнувањето е научен рефлекс или е инстинктивно?

Некои говорат дека тоа е научено однесување кое потекнува од времето на нашите дамнешни предци. Тогаш мајките можеби морале да ја џвакаат храната и да ја пренесуваат од своите во устата на нивните бебиња. Дури и откако ќе никнеле забите мајките и понатаму продолжувале да ги принесуваат своите усни на образите од своите деца со цел да ги утешат.

Фактот дека сите луѓе не се бакнуваат ја поддржува идејата дека бакнувањето е стекнато, а не инстинктивно. Одредени племиња низ светот едноставно не се галат, кажуваат антрополозите. Додека 90 проценти од луѓето се бакнуваат останатите 10 не знаат што пропуштаат.

Други веруваат дека бакнувањето е всушност инстинктивно однесување и како доказ го наведуваат однесувањето на некои животни кое потсетува на бакнување. Додека поголемиот број животни меѓусебно ги тријат своите носеви како потег кој означува привлечност, луѓето сакаат да ги истакнат своите усни искажувајќи желба за бакнеж. На пример Бонобо мајмуните смислуваат најразлични додворувања со цел да разменат малку плунка. Тие тоа го прават за да се смират по некоја кавга, да се утешат меѓусебно за да ја развијат социјалната поврзаност или понекогаш тоа го прават без реална причина – токму како нас.

Денеска најприфатена теорија за бакнувањето е таа дека луѓето тоа го прават бидејќи им помага да ги намирисаат квалитетите на партнерот. Кога нашите лича се блиску човечките феромони „разговараат“ разменувајќи биолошки информации за тоа дали тие две лица би создале силни потомци. Жените на пример потсвесно го посакуваат мирисот на мажите чии гени се различни од нивните. Овој спој може да создаде потомци со силен имунолошки систем и со подобри можности за преживување.

Но сепак поголемиот број луѓе се задоволни со објаснувањето дека се бакнуваат едноставно затоа што тоа е добро чувство. Нашите усни и јазици се преполни со нервни завршетоци што помагаат интензитетот на чувството на заљубеност да се зголеми кога своите усни ги потприме врз туѓите. Таквото чувство обично не не тера премногу да размислуваме за тоа зошто се бакнуваме, едноставно не тера да најдеме начин да го правиме тоа што почесто.

Share Button

Tags: , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1