Поради овој човек застана работата на порно индустријата во Калифорнија!


Секоја епидемија има нулта пациент. Во случајот во кој сифилисот кој се прошири помеѓу порно актерите и актерките до таа мера шро во Јужна Калифорнија се одложи работата на порно индустријата, тој пациент е Мистер Маркус.

Порно гумецот признал дека ги лажирал резултатите од текстовите на половата болест и на тој начин го скрил фактот дека има сифилис. Тој верува дека оваа болест „ја закачил“ додека снимал но не знае точно кој филм бил пресуден.

– Го сменив резултатот на тестот од позитивен во негативен. Сакав да продолжам да снимам но кога имате сифилис и кога тоа ќе се разгласи вие сте одбележан, се правда Маркус.

Маркус е ветеран во порно индустријата, со снимање на филмови за возрасни се занимава од свои 18 години. Кога дознал дека има сифилис бил скршен. Помислил дека повеќе никогаш нема да снима порно филм, а таа мисла за него била претешка.

– Докторот ми рече дека сифилисот ќе исчезне по десет дена откако ми даде инјекции пеницилин. Меѓутоа се случи токму спротивното. Предизвикав епидемија и многу луѓе ги фрлив во голем трошок, изјавува маркус и додава дека навистина му е жал и дека сега мора да се помири со тоа што го направил.

Маркус дознал дека има сифилис на 12 јули. Инјекцијата со пеницилин ја примил веднаш наредниот ден. До следното снимање почекал „дури“ единаесет дена. На режисерите им покажал лажни резултати за полови болести на кои ги променил резултатите за сифилис. Режисерот го „открил“ дури по снимањето. Маркус додава дека три порно актерки со кои имал однос на снимањето биле на тестирање и уверува дека немаат сифилис, но тврдењата очигледно не се совпаѓаат.

– Може ќе се разочарате од мојата постапка но не можете да ме осудувате, напиша маркус на Твитер.

Tags: , , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1