Се шетал низ Њујорк и “глумел“ позната личност


Младиот  Brett Cohen од секогаш сакал да знае какво е чуството да бидеш познат, па решил да експериментира со група туристи.

Тој ангажирал телохранители и фоторепортери кои го следеле на Times Square во Њујорк.
Коен заедно со неговата придружба позирал со туристите пред студиото на NBC познато како “30 Rock“.
Тој бил толку убедлив со “својот настап“, па некои од туристите и случајните минувачи се колнеле дека слушнале за него и неговата непостоечка песна, или пак, за неговиот филм.
-Да го знам Бред Коен, изјави еден од туристите, додека една девојка од страна довикувала
-Го сакам Бред Коен!
Запрашан дали дали ја знае неговата песна, случаен минувач одговорил дека ја чул и дека била одлична, но не можел да се сети како се вика.
Друг минувач, изјавил дека актерот има одлична иднина во филмскиот бизнис.

Share Button

Tags: , , ,

Сања Трајковска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1